Како звучеле нашите предци?

Еден наш господин (името познато на редакцијата), соочен со реалноста како луѓето во странство се разбираат на најразлични начини, му се има доверено на својот сопатник од Македонија: "Добро што Господ ни го даде македонскиов, иначе ќе лаевме како кучиња". Пред нас е аудио реконструкција на тоа како звучеле нашите предци кога на располагање имале само еден јазик. А не им се лаело. 

 

Меѓу 4.500 и 2.500 година пред новата ера, предците на денешна Европа и Азија зборувале ист мајчин јазик кој најчесто се означува како прото-индо-европски.

Иако нема пишани докази, лингвистот Ендрју Бирд се обидел да го реконструира. Стручњак е за фонологија и во снимката ја раскажува приказната "Овцата и коњите" од 1868-ма на лингвистот Аугуст Шлахјер, кој ја има преведeно на проти-индо-европски. 

Иако не постои начин да се создаде оригиналната верзија, Бирд е уверен дека неговата е прилично точна.

"Јазиците се разликуваат по тоа како ги сложуваат звуците. Прото-индоевропскиот  се зборувал од грло", вели Бирд кој го искористил своето знаење за древните јазици како што е латинскиот, санскритот и грчкиот. 

Раскажано би гласело вака:

 Приказната:

Овца која немала волна видела коњи од кои едниот влечел тешка кола, друг носел голем товар а еден човек. Овцата им рекла: "Срцето ме боли кога ќе видам човек да јава коњ".  Коњите ѝ одговориле: "Слушај овцо, нашите срца се полни со болка кога ќе го видиме ова: човекот, господарот, од волната си прави наметка а потоа овцата нема волна",  по што овцата побегнала.

30 септември 2013 - 09:55