Ако мислите дека можете да издржите да лежите во кревет цели 70 дена, НАСА е спремна да ви плати 18.000 долари.
Не е шала. Се работи за научна студија која има за цел да го минимизира губењето на мускули, коски и кардиоваскуларни функции со помош на вежби во лежечка положба.
Значи, само тоа е трикот, што нема баш да биде излежавање туку ќе ве тормозат со секојдневни фитнес точки додека сте заковани за кревет.
И така, 70 дена во кревет, 24 часа на ден, за да се симулираат ситуации кога телото на астронаутот се наоѓа долг период во бестежинска состојба.
"Ќе им даваме задачи како да се астронаути штотуку слетани на некоја планета. Ќе симулираме излегување од леталото, помрднување тешки предмети и друго," вели водачот на истражувањето.
Студијава е втора мајка, бидејќи претходната беше прекината на 54-от ден поради ураганот Ајк.
"Дента кога првпат станав после 54 дена, нозете ме болеа како да одам првпат во животот," се сеќава една од тогашните учеснички.
Дозволено е: телефон, книга, скајп, онлајн курсеви, порно... сè што сакате се додека не мрдате од кревет. Катетер, гуска, кеса и слично - обезбедни.