По основа на напредокот во неврологијата, научниците го сменија ставот дека одредени работи престануваат на одредена возраст, односно дека на 18 години луѓето одеднаш стануваат возрасни.
Сега тие објаснуваат дека постојат 3 фази на адолесценција:
- рана од 12 до 14 години
- средна од 15 до 17 години
- доцна од 18 години па нагоре
Научниците објаснуваат дека кај младите луѓе когнитивниот развој продолжува и во доцната фаза, и нивната емоционална зрелост, сликата за самиот себе и способноста за проценка ќе бидат под влијание се додека фронталниот кортекс на мозокот не е комплетно развиен.
Од друга страна Франк Фуреди, професор по социологија на Универзитетот Кент, тврди дека проблемот е што општеството прави деца од зрелите мажи и жени, конкретно тоа што децата не се подготвуваат со време за напуштање на домот.
"Мислам дека не е проблемот дека светот станал посуров, туку дека уште од рана возраст не ги оставаме децата да одат напред. Кога се 11, 12, 13 години не ги оставаме сами да излегуваат. Кога се 14, 15 цело време висиме над нив и ги изолираме од контакти со вистинскиот свет. Студентите ги третираме на начин на кој што ги третиравме учениците од средно училиште. Па мислам дека овој вид на кумулативен ефект на инфантилизација е причина за ова," објаснува Фуреди.