Недоразбирањето започнува уште од Шведска, преку новинската веб страна Local, која ја преведува изјавата што јавниот обвинител Олоф Вретхамар ја дава за весникот Mitt i Stockholm.
Каиса Едербид од Вајс, самоопишана како "шведски човек" ја нагласува грешката во целата работа:
"Англискиот превод на цитатот на Олоф, според Локал: 'Судот донесе одлука по овој случај. Според која можеме да заклучиме дека е ОК да се мастурбира на плажа. Актот може да се смета за недозволено однесување.'
Англискиот превод на цитатот на Олоф, според мене, шведски човек: 'Судот донесе одлука по овој конкретен случај. Последователно, не може да се имплицира или да се носи заклучок дека е ОК да се мастурбира на плажа. Ова дело може да се смета за навредливо однесување.'"
Проблемот беше што дента сите заинтересирани за правата на старци што мастурбираат во јавност (обвинетиот во случајот беше 65-годишен маж) ја добија верзијата на Локал, а не оригиналот на Mitt i Stockholm, претежно затоа што најголемиот дел ја превземаа веста од Дејли Меил.
Ова значи дека ништо се нема променето во досегашниот закон околу тоа што можете да правите сами со себе во јавност во Шведска.