ВИП дувачка секција

За да го разбие митот за уживателите на марихуана како "таму некои лузери", американска организација која го бутка проектот за легализација на користењето на ова растение објави импозантна листа на влијателни луѓе од политиката, науката, бизнисот и забавата кои некогаш или се уште пафкаат. Кријте ја веста од спортски коментатори, ќе ни се шокираат и ќе ни се мајке наебат

Барак Обама
"Кoга бев млад, постојано влечев. Тогаш тоа беше финтата."

Бил Клинтон
"Сум експериментирал, еднаш или двапати".

Џон Стјуарт
"Знаете ли колку филмови имам напишано додека сум бил надуван?"

Џорџ Сорос
Отворено признава дека пушел но дека никогаш не му прераснало во навика.

Бил Маар
"Никогаш не сум криел дека сум пробал марихуана... едно 50.000 пати"

Џорџ Буш
"Не одговарам на прашања за марихуаната бидејќи не сакам некое дете да го прави она што јас го правев"

Мајкл Блумберг

Нормално дека сум пробал. И сум уживал.

Тед Тарнер

Гвен Скот и други водители на вести на Си Ен Ен сведочеле дека сите во куќата занеле што се пуши во кабинетот на главниот човек.

Џенифер Анистон
"Уживам повремено. Ништо лошо. Сакам кога работите се умерени."

Морган Фримен
Никогаш не дигам раце од ганџа

Фил Џексон
Пишува за тоа во своите мемоари.

Џони Деп
Не сум многу по тоа, ама травата е многу, многи помалку опасна од алкохолот.

Хју Хефнер
Дувањето ми помага да го допрам царството на сетилата.

Оливер Стоун
Бев  во Виетнам и тоа долго време. Мариухуаната помагаше да останеш човек а да не се претвориш во ѕвер.

Конан О' Брајан
Имам пробано, ама не ми врши работа.

повеќе

21 септември 2013 - 10:17