Во јануари Британија објави дека ќе започне со маркетинг кампања во Романија и Бугарија во која ќе се бори против имиграцијата под мотото - "Нема да ви се допадне овде." Ваквата идеја беше критикувана на ниво на континент.
Меѓутоа романскиот весник Гандул, наместо редовните критики, едиторијали и колумни на темата, одлучи да одговори со маркетинг кампања во која ги кани Британците да дојдат во Романија и да видат дека таму и не е така лошо.
Тие кампањата ја започнаа на Фејсбук, а со постерите зафатија и повеќе надворешни билборди низ Британија (генерално Лондон). По успехот на постерите, тие изработуваат апликација во која секој Романец може да изработи своја парола, а компаниите им нудат слободни работни места на Британците кои се без работа.