Награда од Мерцедес за рекламата што не ја сакаше

Неавторизираната реклама во која Мерцедес го прегазува младиот Адолф по што следува пораката "ги препознава опасностите пред да се случат," во Берлин ја доби германската филмска награда First Steps. Уште ова, Мерцедес е главен спонзор на наградите.

Режисерот на видеото, студентот на филмската академија Лудвигсберг, Тобијас Хасе, за видеото ja доби првата награда во категоријата реклами и 10.000 евра.

Мерцедес летово комплетно се дистанцираше од спотот, а и на самото видео за време на целото траење има испишано дека спотот не е авторизиран и дека нема никаква врска со Мерцедес.

Првата награда и 25.000 евра ја доби Јонс Јонсон од Универзитетот за филм и телевизија Конрард Вулф, за филмот Lamentо.

17 септември 2013 - 18:00