Бранцинот во текот на целата година е популарен во Италија, а посебно околу Божиќ кога традиционално го јадат. Во последните 10 години слично почна да се случува и во Шпанија, Грција и Турција, посебно за време на туристичката сезона.
На сета оваа потрошувачка на бранцин се накачија и британските готвачи Лавсон, Ремзи и Оливер, по што Британците 2012-та ја минаа со 48 милиони долари потрошени на купување на оваа риба.
Се на се минатата година глобално се консумирани 150.000 тони од оваа риба, а на сите големи пазари бранцинот, посебно дивиот, најмногу се јаде во поскапите ресторани.
Цената на бранцинот е 30 долари килограм за дивиот, и 13 долари килограм за бранцинот одгледуван во кафези / рибници.
Минатата година европските рибари уловиле 4.060 тони бранцин, а од Меѓународниот совет за истражување на морињата бараат оваа граница да се симне под 2.070 тони годишно за да се помогне размножувањето на оваа риба.