Живот и забава

Зошто лажен член изнајми над 2.300 книги за 9 месеци?

Библиотекари/ки од Флорида се организираат во мала секта чија главна мисија е да ги спасат старите книги што ги имаат во библиотека. План, решение, егзекуција - еден човек ќе ги изнајми сите.

Шеќерот е "алкохол за деца"

Половина од дневната квота шеќер децата ја консумираат уште за појадок, затоа што речиси секоја форма на инстантно подготвен појадок од овошни јогурти до гранола или протеински барови и најразлични форми на корнфлекс, од старт се преполнети со шеќер.

Луѓе, ај честито нов орган

Откако ние паметните надмено ги баталивме бајачките и бабините деветини и нашите тела и здравје комплетно им ги доверивме на науката, официјалната медицина допрва открила нов орган во човчекото тело. А тоа значи нова серија болести.

Директоре, алал да ти се парите

Неколку минути пред првата пауза за ручек во првиот работен ден од годинава, топ 100-те најплатени канадски ЦЕО веќе заработија повеќе пари во 2017 отколку што просечниот работник ќе заработи во текот на целата година. Просечната канадска плата е околу 35.000 евра (49.510 канадски долари).

Немој така нагло да се откажувате од пиење

Она што ние го водиме како "после Нова година не пијам" (па виртуозно го одлагаме во етапи после Бадник, Стара Нова, Св. Јован, Св. Трифун), Американците го имаат професионализирано на ниво на предизвик наречен - Сув јануари. И тоа не чини.

Како изгледа две недели да читаш само лажни вести

Инспириран од тоа во што сè веруваат луѓе, од Пицагејт до "Трамп нуди бесплатни авионски карти во еден правец до Африка и Мексико за сите што сакаат да ја напуштат Америка", новинарот на магазинот Политико, Сајмон ван Зилен-Вуд, отвора Твитер сметка на туѓо име и се става на 2-неделна диета на лажни вести.

Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост

Сред аферата со можната руска вмешаност во американските избори, Вашингтон Пост пушта многу посериозна вест: не само изборите, Русите успеале да ја хакираат цела електрична мрежа во САД! По сите параметри, вест која на угледниот медиум би можела да му донесе уште еден Пулицер. Само што, нема везе.

Французите се изборија за раат попладниња

Од 1-ви јануари француските работници имаат "право да се дисконектираат" односно повеќе не мораат да проверуваат меил попладне по крајот на работното време.

Чешка ќе формира одред за борба со „лажни вести“

Центарот треба да биде поставен и да почне со работа пред претстојните избори во Чешка, а главна причина за неговото основање е стравот од мешање на онлајн-пропаганда поврзана со Русија во чешките избори.

Не сме дебели, вирус имаме

Индиски доктор, Нихил Дурандар, кој работи на луѓе со проблеми со тежината е прилично разочаран што работата не му оди според неговите очекувања. Тој успева да ги ослабе пациентите ама не и трајно да им ги реши проблемите.

Приказната за најубавата божиќна песна на сите времиња

Колку и смртта да нè прави попустливи, за нас најубавата не е онаа од Џорџ Мајкл. Ова е приказната зад неповторливо тажната "Њујоршка бајка" на Поугс. Антидот на вообичаените празнични тралалајки, химна за оние со скршени соништа и неисполнети копнежи, која комбинира разуздана музика со заебани и мрачни стихови. А таквите највеќе ги сакаме.

6 погрешни работи околу наука и медицина што треба да останат во 2016

Ако за време на најпренесуваните и медиумски најзастапени претседателски избори, дузина маргинални сајтови успеаа да предизвикаат хаварија тогаш не е ни чудо што науката и медицината не можат глава да кренат од најразлични недокажани или докажано неточни концепти.

Движењето против шампоните почна да се осеќа

Шампоните се релативно нова придобивка во светот на хигиената, негата и убавината. Па сепак, ако гледате стари фотографии или портрети, не е дека жените пред нив оделе со зејтин во главите. Напротив.

Осумте песни на Спрингстин за на пуст остров

Да можевме ќе го викневме да ни биде ди-џеј на неделата. Ама па и вака не е лошо. За да може да го ислушаме неговиот избор на раат сега ни фали само пуст остров.

Твојот црн дроб не знае дека се новогодишни празници

Десантот на сите можни параметри што ги следи вашиот црн дроб извршен од сиот криминал што го правите последниве 20 дена, премногу јадење и пиење, премалку спиење, комплетно го вади од ритам вашиот организам, поточно функциите што се извршуваат во него.

Почина Џорџ Мајкл

На 53-годишна возраст во својот дом почина пејачот Џорџ Мајкл, ја пренесува Би-би-си изјавата на неговиот публицист.

Зошто не треба да вежбате за да изгубите килажа

Едно од најчестите правила што се претставуваат како неприкосновен канон на исхраната е дека можеш да го имаш тој екстра тост, сладолед или пијачка ако планираш тие калории да ги согориш со физичка активност. Најмалку 60 научни студии го порекнуваат тоа правило.

Не, кучињата не ви се деца

Во една бракоразводна парница канадски судија морал да им објаснува зошто во нивната разделба, законот не може нивните кучиња да ги третира како што се третираат децата во иста ситуација.

400.000 Белгијци добиваат пари за да возат точак до работа

Бројката е нешто ситно над 400 илјади велосипедисти субвенционирани од белгиската влада да користат велосипед за да стигнат до работа, за што во просек добиле субвенции од нешто над 230 евра годишно.

Што знае млад човек што е омекнувач

Со години паѓа продажбата на омекнувачите за алишта, а глобално најсилните производители на таквите средства мислат дека на младите не им е најјасно за што служат тие.

(Глумењето) зафатеност како статусен симбол

Точно е дека работата го создала човекот, но неработењето го има создадено господинот. Некаде на половина на минатиот век работите почнуваат да се менуваат.

Не е важно какви врски имаш во болница, важно е да ти се падне докторка

Докторите се посмртоносни за пациентите отколку докторките, ако целата нивна работа се сведе на бројки и чиста статистика.

Почина Никола Тесла на залетнувањето

Почина изумителот на техниката што од задушување со храна има спасено илјадници луѓе. Иронијата овојпат беше на распуст: доктор Хенри Хајмлих почина на фини 96 години, од срце.

Чешка банка на годината

Една од најголемите банки во Чешка реши да ги повлече своите реклами од веб-сајтови што се занимаваат со дезинформации, пропаганда и лажни вести за политичко навивање.