Живот и забава

Ден без политичари

Главните полски медиуми, со исклучок на државното радио, телевизија и новинската агенција, го прогласија петок за Ден без политичари во медиумите.

Завршна сметка, долг брак

Како што на забар не треба да се оди само кога те боли заб, така и на брачно советувалиште не треба да се оди само кога веќе ги имате исцртано фронтовските линии по дома.

Не се плаши, не се бој, нема коски итн.

Кај мајмунот е колку прст, кај моржот знае да биде долга и 60 сантиметри. А човекот воопшто нема коска на пенисот. Видете, со моногамијата мажот изгуби многу, па и тоа.

Кога банка не сакајќи ќе ти даде 2 милиона долари

Австралиец на 22-годишна возраст одеднаш сфаќа дека банката по грешка му дала неограничен кредит. Им потрошил два милиона долари на стриптизети, коли и кокаин.

Неславен крај за американската социјалистичка сендвичара

Ресторан за брза храна во Мичиген воден според марксистичките принципи на самоуправување, мораше да страви клуч на врата откако таквиот бизнис модел се покажа неефикасен за опстанок на пазарот. Сендвичарата заврши како и самиот социјализам - со долги редици.

Гранд тур, веројатно најпиратираното ТВ шоу во историјата

Шоуто кое започна со најскапата воведна сцена во историјата на телевизијата, 3,2 милиони долари, и ја имаше најгледаната премиера на Амазон Прајм, сега собори и еден од најважните интернет рекорди - најмногу нелегално гледано шоу на сите времиња, титула за која требаше да ги порази Игра на тронови и Вестворлд.

Муслимански бегалци во Германија преминуваат во христијанство

Дел од преобратените ја земаат христијанската вера на својот пат кон Европа, а најчеста причина за ова е затоа што во своите родни земји под страв од репресија не смееле да ја сменат верата, објавува Индепендент.

Тишината е најдобра музика за работење

Ако на работа носите слушалки за да ја игнорирате галамата околу себе, најдобро е на нив ништо да не свири, туку да ви служат за блокирање на звуците бидејќи сè освен тишина ги намалува перформансите кај најголемиот дел работни задачи што се когнитивно тешки.

Зошто е добро да живееш покрај вода?

Само колку да е јасно, кога мислиме на вода крај која е убаво да се живее не мислиме на Вардар, туку нешто почисто, посино и по можност поморско. Додуша експертите велат дека дури и една обична фонтана среде град прави разлика.

Седум техники на Трамп за дисциплинирање на медиумите

Демократијата суштински зависи од слободни и независни медиуми, гласи еден од темелните закони на западниот свет. Доналд Трамп покажа дека во таа цврста демократска градба може да се уфрли и по некој лекс специјалис. Како го прави тоа?

Амазон отвора гранап без каси и редови

За да ја наполните количката потребен ви е само мобилен телефон. И најубавото е што со него не треба ни  да ги скенирате производите што ги сакате. Сам влегувате, земате што ви треба и излегувате. Леле кога ќе стигне ова во Облавце, општина Клечовце, има рај да биде!

Гласајте за ме.....

Чиле своевремено се имаше претворено во предизборен рај каков што сега добро би ни дошол, откако тамошните политичари потпишаа договор со кој се сложија нивните политички спотови да траат само - две секунди.

ФХ3Х со 8 кандидати за номинација за Оскар за визуелни ефекти

Академијата за филмски науки и уметности ги објави 20 филмови кои се потенцијални кандидати за номинација за Оскар за најдобри визуелни ефекти во 2016 година, и тоа се следниве филмови.

Американските медиуми станаа "машина за перење информации"

Се потенка и порозна станува границата меѓу информациите објавени од меинстрим медиумите и лажните вести, порача Стујарт на конференцијата организирана од Њујорк Тајмс.

Конечно добра за иднината на човештвото

Најновите истражувања на телевизиските рејтинзи во Велика Британија покажаа дека повеќе млади ја гледаат серијата Planet Earth 2 отколку Икс фактор.

Берни Сандерс: А сега каде?

Во Вашингтон како да експлодирала бомба. За помалку од една година, лидерите на двете најголеми партии се судрија, фундаментално преобликувајќи ја политичката култура што со генерации се чинеше непроменлива. Катастрофалниот пораз на Хилари Клинтон ги остави малцинството демократи во хаос. Зад сцената веќе се одвива битка за душата на оваа опозициска партија.

Предраг Луциќ: Југославија беше нашата ЕУ

Нашите националисти најмногу ги жести фактот дека меѓу земјите од поранешна Југославија, и покрај сè, сè уште има силни културни врски. Ги жести затоа што нашите локални бардови можат да бидат големи само во вакви затворени средини и што својата меѓународна кариера можат да ја остварат само во земјите на поранешна Југославија. Покрај тоа, националистите заемно се привлекуваат, знаете; многу се сердаризираат и се војводизираат; и тоа ви е некој посебен вид еротика...

Смартфон во раце на Трамп (по дефиниција) е опасна работа

Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.

Кога науката кажува слатки приказни

За да се задржи нивото на потрошувачката на шеќер, индустријата платила научен развој на вакцина против расипување заби. Тие што слепо ѝ верувале на таквата наука останаа и без вакцина и без заби.

Ко да се залетавме околу тестаментот на газдата на Корона

Вчера во една од ретките добри вести на 2016 објавивме дека поранешниот прв човек на Корона во тестаментот им оставил по 2 и нешто милиони евра на сите жители на своето родно село. Тек па на нив да знаете колку им е криво што ова не е точно.

Корона не заборава

Еден од сопствениците на Корона, Антонио Фернандез, во својот тестамент ги направи милионери сите жители на неговото родно село.

А кај да делам?

Кога и Логин и Васко ќе ти го пуштат во ист ден, јасно ти е дека ќе имаш порив да го споделиш понатаму. Зденко Фрањиќ, денеска е Лутајучи Диџеј Здена а зад него се Слушај најгласније, Мајке, Хали Гали Халид, Сатан Панонси.... Има нов албум, со вкупно две песни.

Кинескиот град на море од 100 милијарди долари

Технички се наоѓа во малезиски територијални води, во пракса го гради и плаќа кинеска компанија. Распореден е на четири острови, треба да смести 700.000 илјади луѓе, а од февруари до сега продадени се вкупно 8.000 станови.

Гаџет на денот: Душкач на храна

Идиократијата е во полн залет а науката со полна пареа го билда конзумеризмот и глупоста која веќе не верува ни на сопствениот нос. Го ставате ова пластично чудо на нос, се приближувате до месо и тоа ви вика: "Јас ова не би го јадел".