Живот и забава

Дрско е да мислиш дека знаеш што мисли другиот

Во интервју по повод неговиот најнов роман, хрватскиот писател и еден од основачите на легендарното движење ФАК, Боривој Радаковиќ, допира една тема која насекаде ја гледаме и кај нас. Толку многу луѓе знаат што мислат другите што не им даваат ни да кажат. Бидејќи овие знаат

Како си го чува гласот оној од Симпли ред?

Пејачите, особено оние долгометражните, имаат разни цаки да ја сочуваат основната алатка од која вадат леб. Пазат на животниот стил, што пијат и јадат, колку топло а колку ладно, земаат медицински и народски амброзии...Мик Хакнел има едноставен рецепт - преку ден не зборува кога не мора.   

Бегство ВО затвор

Спржени од работното темпо и динамиката на секојдневниот живот, на сè повеќе луѓе од Јужна Кореја им доаѓа самите да се пикнат во затвор кој им се чини како единствено место на кое можат да најдат малку мир и спокојство. Имаат решение за тоа.. Прв се сетил преуморен поранешен обвинител кој почнал да им завидува на луѓето кои ги праќа зад решетки.

За кашлање прво мед па друго

Мед и лекови за кои не треба рецепт треба да бидат првата линија на одбрана за најголемиот дел луѓе што закачиле кашлица, стои во новите британски здравствени препораки чија главна цел е справување со проблемот со отпорност на антибиотици.

Фејсбук пријателите не се пријатели

Си знаете и самите ама сега има и судска одлука за тоа. Контекстот е дилема дали адвокат и судија кои се Фејсбук пријатели, смеат да бидат ангажирани во ист судски случај.

Австралија ја снајде секирација

Австралиска компанија со еден свој потег толку ја изнервира тамошната јавност што за темата мораше да се произнесе и австралискиот премиер. Значи вака: кромидот во сендвичот, под или над кoбасицата?

Кога врне, истура, буквално

Во период нешто пократок од две недели врне 50% од годишниот дожд кој и следува на планетава, а како што минуваат годините до крајот на веков овој период само ќе се намалува.

Се трудам да бидам злопамтило

Еден од највлијателните писатели на балканските простори открива која книга би сакал тој да ја има напишано, зошто ги сака првите филмови на Кустурица и кого не би викнал на вечера. Јерговиќ е мрзоволен, пцуе редовно, навива за Железничар а ги симпатизира Ливерпул и Барселона.

Најмалку ќе те одбијат ако им дозволиш да те одбијат

Научна анализа на 42 различни студии вели дека потои една техника од само три збора која двојно ги зголемува шансите да се добие позитивен одговор на некое барање или молба за помош. Уште нема студија за нашиот проблем, кога галантно ќе ти кажат „да“ ама веднаш ќе те заборават.

На патиштата се гине од поспаност

Науката бара од прозиводителите на автомобили посериозно да работat на еден проблем заради кој масовно се гине зад воланот и околу него. Вибрациите на колата кои тераат на спиење.

Во САД расте бројот на вештер(к)и

Логиката е отприлика ваква: на луѓето им е потребно да веруваат дека постои нешто што раководи со нивните животи и им дава смисла. Оддалечувањето од доминантните религии не значи дека оваа потреба згаснала, туку само дека таа ќе си најде нови патишта.

Село Шишкаво, Италија

Во едно италијанско село со вкупно 120 жители, ставиле камера со мерач на брзина за да видат како тоа се вози низ главната улица на селото. За две недели биле регистрирани 58.000 пречекорувања на брзината. 

Скандалот Бил Клинтон - Моника Левински, според Моника Левински

Во досега најопсежното експозе на темата Моника Левински комплетно под свои услови, како човечко суштество кое на свој грб ги почувствува сите неправди и трауми, а не спотер за туѓи политички пребивања, проговорува за она што пред 20 години се случи со тогашниот претседател на САД.

Крајот на една полициска борба против дрогите

Животна приказна на еден американски полициски офицер кој целиот свој живот го посветува на апсење на луѓе поврзани со дрога. Го прави тоа со несекојдневен жар и посветеност па станува легенда во полициските кругови. Сè додека еден ден не му се јавува ќерка му која е во тинејџерски години и му признава дека е зависничка. Кога ја прашува од каде ѝ пари за дрога бидејќи знае колкав џепарац има, му признава и дека се проституира.

Онаму каде што татко ми возеше точак

Некогаш Крис Корнел со велосипед има разнесувано весници по улиците на Сиетл. Денес тоа го прави неговиот син, во спотот на постхумно објавената песна „Некогаш лошото е за добро“.

Човек не е железара

Пораката е со Попај да не се претерува. Еден од најчестите здравствени проблеми за кои луѓето не се свесни е поврзан со железото во крвта. Ама не со неговиот дефицит.

Не е сè во компјутерите, освен кога си министер за сајбер-безбедност

Откако беше збунет од УСБ драјв, од немајкаде јапонскиот министер за сајбер-безбедност ја призна најголемата фалинка во своето резиме - никогаш нема користено компјутер.

Зошто источната страна на градовите обично е посиромашна од западната?

Пред да ги извадиме нашите локални есапи, натежнати со сопствени математики, фино е да се погледне како проблемот, од кој идентично страдаат и далеку поголеми градови од нашиот, го објаснуваат посериозни истражувања.

Не е само да ставиш златни тавани, треба и да ги реновираш

Само на обновување и крпење на златните тавани, некогаш најскапиот хотел на светот (по градба, не по цена на соба) Емирати палас во Абу Даби, годишно троши 130.000 долари.

Кариера: Од дебелото црево до мозокот

Статијата е за едно потенцијално откритие кое стана хит на релевантна научна конференција а се работи за можноста бактерии од дебелото црево да си го наоѓаат патот до мозокот и таму да се населат за озбилно. Ќе ви ја раскажеме ние приказната поштено, ама нема да се отргнете од впечатокот дека вакви патешествија веќе имате видено во многу „успешни“ деловно-политички транзициски приказни во Македонија и Балканот.  

Депресивно големиот бизнис со маски против загадување

Како што започнаа, веќе традиционалните, есенски пожари низ Калифорнија така тамошните власти препорачаа граѓаните да почнат да користат N95 маски (бројката означува дека филтрираат најмалку 95% од честичките). Како што народ почнаа да слуша препораки, така аптеките низ големите градови останаа без ниту една маска.

Во Исланд работат 70% од 17 годишниците

Освен дека е чудо во фудбал и дека на ефикасен начин најде излез од кризата и колапсот на нејзиниот банкарски систем, малата земја има адути и за долги патеки. Мнозинството од нејзините млади на возраст од 14 до 17 години се вработени, најмногу во секторот трговија.

Руски каубојци

Компилација од санкции, вртење кон домашно производство и јуриш во освојување на се попространи земјоделски земјишта, доведе до формирање на нова професија во Русија - каубојци.

Килограмот ќе се менува

Додека цели генерации неуспешно се стремеа за идеали од типот „да грам буде грам“ научниците решија да ја направат првата промена на килограмот во последниве 100 години.