Живот и забава

Вегетаријански поглед на месо од лабораторија

Иако месо одгледано во лабораторија не е месо, тоа сепак не е толку „не месо“ како што на пример краставица не е месо, а со целиот ќар од не месо трендот доаѓаат и некои други проблеми.

Тајната состојка на градовите кои преживеале - култура

Имало и погадни, помизерни и поопасни градови за живеење од нашето Скопје (Битола, Велес, Куманово...) но успеале да ги преживеат природните, политички и општествени несреќи кои ги задесиле. Инвестирале во културата. Не, Мирко Субвенција, тоа не значи одма да се наредиш на уште еден конкурс.

Ништо ние не знаеме

Стихот на Дино Дворник „Зошто правиш слон од мене?“ можеби заслужува ново читање и интерпретација. Кратка приказна на Би Би Си.

За хистеријата на радикалната левица

Гад Саад е професор по еволутивна психологија и трн во окото на оние што се нарекуваат воини за социјална правда. Како човек што со семејството има избегано од Либан поради своето еврејско потекло, тешко му паѓа сериозно да ги сфати оние што кенкаат како да се живее во ера на Трамп, а дебатите им се сведуваат на тоа кој е најголемата жртва.

Како најдобриот суши ресторан на светот остана без трите Мишелин ѕвезди

Без разлика што ништо немаат згрешено, по сопствена одлука, ресторанот Сукијабаши Џиро повеќе не е најдобриот во тефтерот на Мишелин.

Транс-транс-сексуалци

Ли се раѓа како Деби, меѓутоа на 44-годишна возраст решава дека тоа не е правилната улога што треба да ја има во животот па прави операција за промена на полот. Сега, речиси 2 децении подоцна, Ли не се чувствува пријатно ни како Ли.

Убиствата мора да престанат

Долгогодишниот претседател на Боливија предвремено го заврши својот мандат со егзил во Мексико. Германски Шпигел разговара со него и што довело до неговото заминување, од лажни извештаи на набљудувачи, до залихите на литиум во земјата.

Плаќање паркинг казни со донирање храна

Во САД станува популарна една иницијатива во време на празници кои се поврзани со софри и прејадување, казните за погрешно паркирање да се плаќаат со донирана храна која потоа им се дава на оние со помалку среќа и помалку софри во животот.

Запознај ја Ема, твојата колешка од иднината

Ема е бледа како дух, згрбавена до изветоперување, има потечени вени, а и нозе, и е канцеларискиот работник на иднината.

Од сè што можеше да се откаже на светот, откажано е Викторијас сикрет шоуто

Брендот за долна облека објави дека годинешниот спектакл го откажува заради растечките критики за немање разноликост и намалената публика. Со други зборови Викторијас сикрет попрво би го укинале шоуто отколку да пуштат дебели модели да им шетаат по писта.

Стаклени висококатници треба да се забранат

Стаклото е убаво, ама за прозорци. Кога цел небодер го правиш стаклен, тогаш всушност градиш оранжерија. А оранжерија е добра за патлиџани, не и за луѓе.

Кој сега ќе ги спасува магарињата по светов

Истата чума што дотера поегзотични животни до раб на истребување паралелно ја десеткуваше глобалната популација на магариња - кинеска медицина.

Во пресол и човек трае подолго

Звучи како ес-еф или како вест што лесно би можела да се најде „на дното“. Но со оглед на тоа што доаѓа од сериозниот Њу Сајентист, а и поучени од ситуации во кои сме биле „малку умрени“ па пак колку-толку сме се спасиле, сепак веруваме дека ова е можно.

Мали деца и мали екрани

Деца на предучилишна возраст кои помалку користеле екрани имале понапредни јазични вештини.

Дабогда немал, па имал, па немал

Мајкл Керол порано бил ѓубреџија а денес е рудар. Во таа работна траекторија нема баш многу материјал за филм ако не беше еден период во неговиот живот во кој Керол списка 11 милиони евра.

Новинари муабетат за плата

ЦЈР (Columbia Journalism Review) доаѓа до еден отворен документ на кој американски новинари (од публикации како Њујорк тајмс, Вашингтон пост..) анонимно пишуваат колку пари заработуваат од тоа што го работат. И тие и ние имаме причина за плачење, само по различна основа.

Стигна Дизни плус, сталинистички искасапен

Веројатно најпознатото филмско студио во последните 80 години, неделава ја лансираше својата стриминг платформа Дизни плус. Во неа има речиси сè од импозантниот анимиран, филмски и документарен капитал на Дизни и пријателите. Проблемот е во она „речиси сè“.

Грешките се мајка на знаењето

Просек од 15% неточни одговори е најдобар и најбрз начин за учење, тврдат луѓе длабоко запознаени со учење.

Француската левица има проблем со исламофобија

Деновиве француската левица излезе на протест против исламофобијата во земјата, претходно имаше отворено писмо против истата, меѓутоа најзабележително на двете беше отсуството на дел од истата таа левица.

Што знае дете што се 2.300 евра за да се слика со Дедо Мраз

Родителите што сакаат нивните деца празнициве да се сликаат со Дедо Мраз во лондонски Хародс, ќе треба да направат минимум 2.320 евра (2.000 фунти) сметка во стоковната куќа за да се квалификуваат.

Како да си слободен после доживотен затвор?

Американски робијаш умира накратко, во клиничка смрт, по што го враќаат во живот. Сега тврди дека со тоа ја отслужил доживотната казна затвор. Има логика. ама не наиде на разбирање кај судиите.

Време е Мона Лиза да се симне од Лувр

Околу 80 проценти од 10 милиони луѓе што го посетуваат Лувр музејот во Париз доаѓаат да ја видат Мона Лиза, и најголемиот дел од нив си заминуваат незадоволни.

Русија има „олигарси“, САД има „бизнисмени“

Во 150 статии на Њујорк тајмс, Си-ен-ен и Фокс, терминот „олигарх“ е резервиран исклучиво за милијардери со словенско потекло.

Калифорнија сас козите

Она што кај нас покојни Лазо своевремено го потепа, денес во Калифорнија е елитна единица за борба против шумските пожари кои секоја година ја пустошат оваа сојузна американска држава.