Живот и забава

Будисти: да ги мафнете апликациите за медитација од будизмот

По анализа на стотици апликации поврзани со будизмот, двајца изучувачи на будизмот заклучуваат дека овие апликации во основа само ја засилуваат зависноста од технологија, а плус на тоа не го олеснуваат стресот.

Ча је живот венго фантажија

Дали ние имаме еволвирано за да ја видиме реалноста онаква каква што е? Когнитивен научник тврди: не! Вика, еволуцијата нè има измамено, за наше добро.

Зошто „тронашите“ Бениоф и Вајс се откажаа од снимање на Ѕвездени војни?

Летово парот продуценти одговорен за Игра на тронови заедно со своите семејства беа на летување во Италија, семејствата да одморат, а овие двајца за да се видат со Џорџ Лукас и да разговараат со него за трилогијата филмови Ѕвездени војни што треба да ги снимаат. Во понеделникот, двајцата објавија дека го напуштаат проектот.

Сипаниците ја бришат меморијата на имунолошкиот систем

Нови студии покажуваат дека штетата од сипаниците трае многу подолго од самата болест. После сипаници, организмот останува со многу слаб спектар заштитни клетки и пребришана имуно-меморија за претходните болести, со што имунолошката кондиција на децата се враќа во бебешка фаза.

За ергономските столици и маси

Измените што ги правиш на местото на кое работиш во форма на апгрејд на столицата или бирото, имаат малку или воопшто немаат влијание на тоа дали ќе развиеш проблеми со кичма и врат. Она што има влијание е - стресот.

Марихуаната во е-цигарите убива, не никотинот

Луѓето кои умреа како резултат на оштетување на белите дробови поврзано со користење електронски цигари, најчесто користеле производи кои исклучиво содржат ТХЦ, објави американскиот Центар за контрола на болести.

За мозочињата одгледани во (непартиски) лаборатории

Неодамна беа објавени резултати за мозочиња (органоиди составени од мозочни клетки) одгледувани во лабораторија. Некои од нив произведуваат мозочни бранови, а некои реагираат на светлина. Авторот, професор по когнитивна невронаука, се прашува каде води сето ова?

Традиционалниот женски спорт страда од новокомпонираните жени

Вајрд пишува за величествени победи на трансџендери кои го потресуваат светот на спорот. Тоа што во текстот го немаат е дека сите победници се мажи што станале жени и дека нема ниту еден обратен случај.

Нарцизмот е среќа

Нарцисите се „ужасни ама среќни луѓе“, е крајниот исход до кој доаѓаат психолозите трагајќи што е причината за подемот на нарцизмот во денешницата.

Морисеј вс. Гардијан

За време на концертот во Лос Анџелес Морисеј на сцена излегува со маичка (без ракави) на која е испишано „Fuck the Guardian“, објавува Гардијан.

Што ренесанса виси во вашата кујна?

„Ругање на Исус“ е слика од 13-от век од италијанскиот ренесансен уметник Чимабуе, за која до пред некој месец никој немаше поим каде се наоѓа за на крај да биде откриена во кујна. Хепиендот е уште поголем бидејќи сликата требаше да биде продадена за околу 6 милиони евра. Стигна до многу повеќе.

„Неталасањето“ е заштитено како бела мечка

Научничката која го раскринка митот за изумирањето на поларните мечки остана без работа. После 15 години предавање, нејзиниот универзитет решил да не ѝ го продолжи договорот.

И богатите умираат, само многу подоцна

Како што вика познатата американска максима, во таа земја само две работи се задолжителни: да се плати данок и да се умре. Ако си богат, ова второто е со одложено дејство.

Машала бебево, тешко ко олово

Тестирале околу 170 производи од четири категории бебешка храна. Во 95% од нив нашле тешки метали, најмногу олово. Заради изложеност на овие неуротоксини од храната, новите генерации масовно губат IQ поени, загуба која на национално ниво се изразува во милиони. 

10 километри автопат до пеколот

Австралиската музичка легенда БонСкот ќе добие епски трибјут каков што заслужува кога десети километри автопат кај неговиот роден Перт ќе бидат затворени за дузина мини концерти на кои ќе пичат песни на AC/DC.

Волкот, дебелиот врат и пет кинески убијци

Трагајќи од старата кинеска мудрост „зошто да убиеш човек за пари, кога можеш да земеш пари и да му платиш на друг да го убие“, пет потенцијални убијци и еден нарачател завршуваат на суд во Кина.

Пудра за бебиња, по можност без азбест

Џонсон и Џонсон соочени со неколку тужби дека нивни производи им наштетиле на корисниците, одлучи дека сепак е најпаметно да ја повлечат пудрата за бебиња во која беа откриени траги на азбест.

Елон Маск нема динар во џеб

Истиот овој што треба да направи револуција кај автомобилите, истражувањето на вселената и искористувањето на Сонцето, самиот себе се прогласи за „финансиски неликвиден“.

Манчестер да биде одбранет од расистот... Ганди

По повод 150 годишнината од раѓањето, градскиот совет на Манчестер решава да постави споменик на Ганди. По повод тоа што сме 2019, можно е тоа да не се случи.

Зошто научници слушаат планина?

Се работи за една од славните планини на Алпите, меѓу Швајцарија и Италија, која во 2003-та сериозно изненади сè околу себе со една застрашувачка лавина од камења. Како и по секоја катастрофа, луѓе и сега решија да почнат да слушаат, само овој пат тоа е многу буквално.

Нарко-дилери не можат да го навјасаат Лондон со кокаин

Математиките се дека дневно Лондон троши повеќе кокаин од Барселона и Амстердам и Берлин, заедно, а тоа е многу.

Џонсон и Џонсон со казна од 8 милијарди долари, затоа што на маж му пораснале цицки

Тужителот завршил со потенцијални 8 милијарди долари (и цицки), а Џонсон и Џонсон со можност за жалба околу сумата.

Не постои ЛГБТ таблица на множење

Во последниото издание на Енциклопедија Британика има листа на сто најважни филозофи и мислители на сите времиња, од антиката до денес. Листата започнува со Херодот а завршува со Стивен Пинкер. Херодот е оправдано отсутен па затоа, муабет со вториов.