Живот и забава

80% од топ 10 филмовите за годинава се на Дизни

Ако до сега Дизни беше застрашувачки колку пари прави од филмовите (а и троши на нив), во 2019 неговата доминација достигна ниво „без преседан“.

Дали зеленчукот е вегански?

Во најновото поглавје на темата „веганите го запознаваат светот“, веганите откриваат што точно значи тоа што нивните зеленчуци (и останати растенија) се одгледувани со природно ѓубриво. И секако дека тоа им пречи.

Французите се кренаа против напаста наречена улични билборди

Додека во Лил активисти во знак на протест ги прелепуваат уличните билборди со бела хартија, Гренобл на ниво на град почна да заменува стотици билборди со дрвја.

Настинете си ко човек, за да не фатите грип

Ако сте настинати, имате 70% помали шанси истовремено да закачите грип. Ако баш не сакате така, тогаш фатете прво грип, делува истата финта.

Вечна им слава на некодошите

На денешен ден е родена Лепа Радиќ, девојка од Босна која на 17 годишна возраст била јавно обесена од нацистите откако одбила да си го спаси животот ако ги издаде другарите.

Скотови вегански

Од само ним разбирлива логика брачен пар вегани го држи своето новородено бебе на сирова веганска исхрана составена исклучиво од овошје и зеленчук. Бебето умира на 18-месечна возраст, со тежина од 7,7 кг.

Човекот со два комплета ДНК

Кога форензичари испитуваат ДНК на жртва или злосторник, сигурни се дека тоа е она ДНК со која човекот е роден а не ДНК од некој кој живее илјадници километри од местото на настанот.. Ама, можело и така.

Златен ориз ќе си имавме

Оризот бил модифициран да содржи витамин А во зрната и така да се спасуваат милиони деца и луѓе кои умираат или ослепуваат од дефицит на овој витамин. Но комбинација на врескава анти-ГМО идеологија и недоречена регулатива ја уби идејата.

Колатерално пиво

Властите на Јута уништија илјадници литри целосно исправно пиво затоа што не било во согласност со законите на сојузната држава во делот колку алкохол има во пивото.

Трчање пер пица

Пакувањата на храна освен рок на траење, калории, состојки, начин на подготвување и потекло, на себе треба да имаат и колку вежбање е неопходно за да се потрошат калориите од производот.

Кога храната ќе стане порно

Видео рецепт за мисирка полнета со пита кашкавал и прекирена со Читос чипс, е инспирацијата за новинарот на Би-би-си малку подлабоко да навлезе во светот на „фуд-порн“.

Скапав за тоа науката

Ќе го завешташ своето тело за научни цели и медицинки истражувања а тие ќе остават надвор да скапуваш и одвреме-навреме ќе те боцкаат за да видат до кај си.

Среќната девојка порано позната како веганка

Инфлуенсерка од вегански жанр умрела откако 30 дена јадела исклучиво месо. Шала, шала, ене ја поздрава од кога и да е порано.

Европски суд: Спермата не е наследство

Жена од Франција посакала да стане баба и да има внучиња со помош на депонираната сперма на својот починат син. Европскиот суд за човекови права ѝ одговорил како Војко В.: Не може.

Хаштагот ја убива веста

Иако денес и шуто и рогато користи хаштаг пошто тоа им се гледа згодно и модерно, експерименти покажуваат дека тој ги одвраќа луѓето да ѝ веруваат на вест која е закована со тараба. Бидејќи од одма знаат на каде оди таквата вест па не ги занима да дознаат детали од конкретната приказна.

Дали пилешкото е пола полно или пола празно?

Познатиот ланец за брз храна Сабвеј однесе на суд медиум со барање за отштета од 210 милиони долари поради тврдењето дека половина од нивното пилешко не е пилешко. Случајот го изгубија откако успеаја да докажат само дека половина од нивното пилешко е пилешко.

Што ќе ти каже Њујорк тајмс за Скопје...

Дека воздухот во градов бил презагаден... како во Калифорнија... кога има масовни пожари.

Ако не те ослабе мастика, што ќе те ослабе?

Не само што може да се ослабе со џвакање мастика, туку со истата мастика може и подобро да спиете, или што и да ви затреба, ако сте до толку очајни.

Зошто нема дива брокула?

Нормално дека не ви текнало да побарате питома, не па дива, ама тоа што нема брокула што расте во дивина е дополнителен аргумент против херпесот меѓу зеленчуците - сите брокули се ГМО (ако гледате на такви работи).

Италијанците го изгубија „балсамико“

Производителите на оцет од Модена немаат ексклузивно право на терминот „балсамико“ и повеќе нема да можат да се тужакаат со конкуренти низ Европа што го користат овој назив.

Лајбах: Нема ни мрак ни светло на крајот на тунелот

Победничкиот капитализам ја отфрли шминката и ги рашири своите смртоносни крилја во источна Европа каде луѓето наивно веруваа во евангелието на ослободувањето преку идеологијата на примитивното уживање и конзумеризам.

Живеете ли 500 метри до зеленило?

Резиденцијалното зеленило штити од предвремено умирање, заклучува една мета-анализа на Институтот за глобално здравје од Барселона којa вклучува девет долгорочни студии во седум земји за вкупно осум милиони луѓе.

Канада реши битна правна дилема и сега може да здивне

Кога извесна Бела Косоан во 2009 година се качила на ескалатор на подземнастаница во едно место во Квебек, не ни сонувала дека влегува во правна битка која ќе трае 10 години.

Ако сакаш хистерија по дома, само укини го мобилниот

Речиси една четвртина од децата и младите (оние млади што уште ти живеат по дома) се навлечени на своите смартфони до ниво што почнува да наликува на зависност. А ако сакаш да видиш до каде е дојдена работата, пробај на кратко лиши ги од мобилниот.