Заклучокот се базира на податоци од изминатите 30 години во кои е анализирана причината за смрт на над 10.000 Израелци.
Дури и да не се вистински несреќни со бракот, туку само да го перципираат како лош, тоа ја зголемува веројатноста од смрт кај мажите од кардиоваскуларни заболувања, од типот срцев напад или блокирани артерии.
Лицата кои се чувствувале несреќни во својот брак било 69,2% поверојатно да умрат од срцев напад отколку оние кои биле среќни со својот брак. Најголема разлика во смртноста меѓу задоволните и незадоволните од брак имало кај најмладата група на волонтери, додека најмала разлика имало кај брачните ветерани од најстарата група.
Дури и кога ќе се земат предвид сите фактори, како дијабетес, претерано БМИ или социоекономски статус, пак на крај овие несреќните имале поголема стапка на смртност.
Математиката е дека несреќните се на исто ниво на ризик од смрт како пушачи и луѓе без физичка активност.