Со просек од 2,13 милиони гледачи Фокс њуз се најгледаниот новински канал за јуни и за вториот квартал од годинава. На второ место е МСНБЦ со просек од 1,31 милион гледачи, а на трето е СиЕнЕн кој е паднат под милион на 798.000 гледачи.
И трите најгледани програми доаѓаат од Фокс њуз, каде прв е Такер Карлсон, по него е Ханити, а на трето место е Фајв. Најпопуларната програма на СиЕнЕн, „Куомо прајм тајм“ заврши на 22-то место на листа на гледаност.
Процената на експертите е дека предноста на Фокс њуз се должи на тоа што другите две имаат „сериозен проблем со кредибилноста“ во начинот на кој пренесуваат за Бајден.
„СиЕнЕн и МСНБЦ знаат само еден трик, а тој трик беше да се напаѓа Трамп.
Сега кога Трамп повеќе не е претседател тие се обидуваат да ја одржуваат манијата, ама тешко им оди. Публиката исчезна затоа што таа никогаш не беше лојална кон водителите на СиЕнЕн и МСНБЦ, туку беше лојална кон омразата кон Трамп.
Не е тешко да се замислат директорите на двете телевизиски мрежи како навечер се молат Трамп да се врати за претседател во 2024,“ објаснува професорот од Корнел и медиумски критичар, Вилијам Џејкобсон.
Луѓето од Фокс пак потсетуваат и дека овие мрежи имаат сериозен проблем со кредибилноста и затоа што „левите ѕвезди од секоја мрежа неодамна генерираа негативни наслови, меѓутоа останаа неказнети“. Ова се однесува на прајм-тајм водителот на СиЕнЕн, Крис Куомо, кој му помага и го советува својот брат и гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, како да се справи со обвиненијата за сексуално малтретирање, па дури еднаш и во програма го интервјуираше.
Во друг случај, водителот на МСНБЦ, Џој Рид, го нарече „чичко Кларенс“ единствениот црнец судија во американскиот Врховен суд, Кларенс Томас, „што е блатантен расизам на национална платформа, а мрежата ништо не презема“.