Пиваџискиот гигант Курс (Coors) неодамна лансираше кампања со невообичаен формат. Компанијата планираше да се инфилтрира во соновите на корисниците за да ги подбутне да посакаат нешто освежително, на пример нивното пиво.
Кампањата ги охрабруваше клиентите (заморчињата) пред спиење да погледнат едно кратко онлајн видео а потоа да пуштат еден аудио пејсаж во времетраење од осум часови. Ако финтата успева, оваа соновна инкубација треба да резултира со освежувачко сонување на пијалоците на Курс.
Не се знае колкумина прифатиле да учествуваат во ваквото манипулирање на соновите, но експертите предупредуваат дека ваквата кампања треба да се сфати сериозно бидејќи отвора врата кон една многу проблематична иднина.
„Ја искористуваат наивноста на луѓето и не знам колку полошо може да се оди од ова. Сè што може да ви текне како адвертајзинг цел може да биде реализирано кога сонот го користите како маркетинг алатка или оружје“, вели когнитивниот научник Боб Стикголд од Харвард, еден од 35те експерти за спиење и сонови кои се потпишаа на отворено писмо со кое се бара регулација на ваквите потенцијално опасни практики.
Манипулацијата со соновите, односно концептот за инкубација на сонови, што е групен назив за техники кои се користат за да се дојде до посакуван сон, е идеја стара илјадници години.
Салвадор Дали заспивал со лажица во рака, за откако ќе ја испушти и ќе се разбуди од нејзиниот звук при ударот од подот, да може да се сети на сцените кои ги сонувал и да ги пренесе на платно.
Студија од 2014 година покажа дека пушачи кои за време на спиење биле изложувани на мешан мирис од цигари и расипани јајца, следната недела пушеле 30% помалку од обично.
А ако на пиво треба да ти текне дури на сон, тогаш имаш озбилем проблем со јавето.