Француската храна е „израз на белата привилегија“

Начинот на исхрана на Французите само ја засилува доминацијата на белата популација врз етничките малцинства, заради што Французите (на шега) „треба да клекнат на едно колено во своите кујни“.

Муабетот е од гостувањето на американската професорка Матилда Коен во Парискиот институт за политички науки и Нантер Универзитетот во Париз.

Коен во академскиот труд кој го изработува за предавањето во Институтот, тврди дека француската „култура на јадење... е главно средство за расно и етничко формирање на идентитет, преку робовладетелство, колонијализам и имиграција.“

„Францускиот оброк често пати е претставен како национален ритуал во кој секој граѓанин може еднакво да учествува. Меѓутоа француските гурмански правила се оформени од нормите на средната и високата гласа... а границите на белоста се чуваат преку дневните средби со храната,“ изјавува Коен.

Објаснувајќи како храната е основа на францускиот идентитет, заедно со структурниот расизам и расниот идентитет, професорката, која завршила на Сорбона, а предава на Универзитетот во Конектикат, порачува дека храната и прехранбените навики се користат за „потврдување и засилување на белоста како доминантен расен идентитет“.

Таа тоа го потврдува преку четири анализи за тоа како „законот ја издига фантазијата за хомогена француска/бела храна како супериорна и задолжителна на сметка на алтернативните начини на јадење и луѓето кои го јадат тоа“.

30 јуни 2021 - 16:30