Комбинацијата на вакцини веќе се применува во неколку земји. Во Шпанија, на пример, на лица под 60 години кои првиот пат биле имунизирани со АстраЗенека, за ревакцинација им се нуди и опција да одберат Фајзер, заради загриженоста околу згрутчувањето на крвта.
Нова студија која е пред печатење во угледниот и доверлив Лансет ги потврдува позитивните страни на ваквите практики.
Во некои случаи, комбинацијата на АстраЗенека и Фајзер дава дури девет пати поголем имуно-одговор и нивоа на анти-тела отколку да се добијат две дози од оксфордската вакцина.
Со тоа што ревакцинацијата била извршена после четири недели а не после 8-12 недели, како што вообичаено со прави со АстраЗенека.
Една друга студија која беше објавена во мај утврди дека мешањето на вакцини е безбедно по здравјето иако е можно да се очекуваат посилни нус-појави.