Британскиот шоубизнис е на удар на довчерашните сојузници, партнери и браќа со кои делеа „исти вредности“ откако Европската унија процени дека количината на британска програма е диспропорционално присутна на стариот континент.
Британија е нејголемиот продуцент на телевизиска и филмска програма во Европа и собира околу 1,4 милијарди евра продавајќи меѓународни права за таа програма, но ЕУ сега проценува дека нема потреба да се толерира таквата доминантност.
Ова е само последниот од серијата конфликти меѓу ЕУ и Британија после Брегзит во кои имаше и кавги околу лиценци за рибарење или продажбата на британски колбаси во Северна Ирска.
Според аудиовизуелните медиумски директиви на ЕУ, поголемиот дел од содржината на терестријалните тв програми треба да биде од европско производство а на видео он деманд и платформите како Нетфликс и Амазон, уделот на европски содржини треба да изнесува минимум 30%.
Од губењето на позицииите на Британците се радуваат други продуценти, како што е на пример италијанскиот филмски град Синесита кому неодамна му доверени 300 милиони евра за реновирање и модернизирање.