Живот и забава

Коронашка на денот

Кинеските доктори веруваат дека жена која се вратила дома од патување во САД заразила 71 лице во својата зграда со само едно возење во лифт.

Зошто Англичани запнале да не носат маски?

Британија и понатаму наликува како сцена од флешбек од далечниот јануари 2020, кога се уште никој немаше абер од носење маски, и покрај тоа што е третата најтешко погодена држава во светот (по Бразил и САД) со речиси 45.000 жртви од ковид-19.

Храна зачинета со идеологија

Дали некоја конкретна храна е здрава за човек веројатно зависи од неговиот генетски профил и нема врска со неговата политичка ориентација. Ама затоа прашањето колку таа храна човек ќе ја перцепира како здрава зависи од тоа дали начинот на кој му се рекламира е во согласност со неговите политички погледи.

7 години откако лабораторијата во Вухан прв пат виде ковид-19

Најблискиот роднина на ковид-19 е откриен во 2013 од страна на кинески научници во еден напуштен рудник каде е поврзан со смртни случаи предизвикани од респираторна болест налик коронавирус, кои сите по пат забораваат да ги споменат.

Летнавте како сиви галаби

Човек од Самоа непотребно одлежал дополнителни 5 години затвор. Имал две затворски казни и требало да одлежи една од нив. Овој ги одлежал топтан. Никој не му кажал дека треба тоа поинаку. 

СЗО го потцени ризикот од заразување преку воздух

Во отворено писмо до СЗО, 239 научници од 32 земји бараат највисоките здравствени авторитети да не се држат до сугестиите дека коронависурост се пренесува само преку вирални капки. Сè повеќе докази постојат дека се пренесува и преку воздух, а во тој случај, денес препорачаната дистанца и други мерки се недоволни.

Руси почнаа да копаат ровови против ковид-19

Враќајќи се на стариот руски национален спорт, копање ровови, едно село во Сибир речиси комплетно е опкоплено со ров откако една шаманка направила ршум во него.

На короната ѝ е тешко на влажен воздух

По навалата за тоалетна хартија и сумамед, нè очекува ли стампедо за овлажнувачи на воздух?  Проценките велат дека за секој еден процент поголема влажност, трансмисијата на вирусот опаѓа за три проценти.

Негирањето на научните факти е научен факт

Ламентирањето над непридржувањето на многу луѓе кон препораките на здравствените експерти за заштита од коронавирусот (маски, дистанца, миење раце) најчесто завршува со дисквалификација на таквите луѓе дека подлегнале на анти-научни завери. Не мора да е никаква завера во прашање, негирањето на фактите има малку подлабоки корени во нас, луѓето.

Црна дупка која јаде едно сонце на ден

Астрономите лани открија една монструозно голема црна дупка а сега успеале да направат проценка на нејзината маса и стаписани се од нејзиниот гарантуовски апетит: за да остане во форма, црната дупка јаде по едно наше сонце дневно.

Сите вие „чашка на ден“ дами и господа, само продолжете, на добар пат сте. Сериозно

Умерено пиење, што во народот се мери како една чаша ракија, вино или пиво на ден, ги подобрува мозочните функции кај средовечни или постари возрасни лица, се тврди во нова научна студија.

Доста се лажете, уште сме на почетокот од глобалната пандемија

Се додека секоја држава не е заштитена, сите сме во ризик. Само ефикасни вакцини и терапии ќе ни дозволат да го искорениме коронавирусот, објаснува др. Џереми Фарар, директорот на Велком трустот.

Корона аутопсии: Приказна за 38 мозоци, 87 бели дробови и 42 срца

Бидејќи вакцината е долги месеци пред нас, аутопсиите на починати од ковид-19 даваат драгоцени сознанија што сè му прави болеста на телото и разните органи. Некои наоди се очекувано но некои сосема ги збунуваат медицинарите.

Sweet covid Alabama

Студенти во Алабама почнаа да организираат журки на тема ковид-19, чија главна цел е да видат кој од гостите прв ќе се зарази.

Оскарите се освежија со 819 нови членови на Академијата

Најважното од се за новата генерација што сакаат да се знае е дека 36% се луѓе што не се белци, а 45% се жени.

Колку повеќе луѓе носат маски, толку потешко и станува на пандемијата

Советот е од здравствени експерти и се однесува на Американците кои и ова успеаа да го претворат во политичко прашање. Во меѓувреме САД стигнаа до 2,6 милиони случаи на ковид-19.

Нов свински вирус се фаќа за орото

Вирусите ги дочекаа своите пет минути на оваа планета. Во денови кога короната пустоши по светот и по Македонија, во Кина е откриен нов вид на свински вирус кој има пандемиски потенцијал.

Битката за Света Софија е речиси завршена

По наредба на султанот Мехмед Втори речиси 500 години Света Софија е џамија, потоа по наредба на Ататурк таа тера неполни 90 години како музеј, по се изгледа деновиве неофицијалниот султан на Турција ќе ја враќа во џамија.

Тинејџер ќе биде првиот светец кој го дава 21-от век

Момчето родено во Лондон кое почина во Италија на 15 годишна возраст е на пат да биде прогласен за светец од страна на Католичката црква. И ќе биде заштитник на интернетот.

Тие уште појаси не ставаат, маски ќе носеле

Западни медиуми мораат да се враќаат во минатото и да потсетуваат дека на многу сличен отпор на денешните маски, своевремено наидоа и појасите во автомобилите. Во земја во која масовно се ставаат лажни лаживчиња или појасите се врзуваат зад седиште, нас не мора да нè потсетува минатото. 

Леброн Џејмс со 100 милиони долари влегува во медиуми

Кошаркарот и неговите бизнис партнери успеаа да осигурат инвестиција од 100 милиони долари за нивната медиумска компанија чиј главен таргет ќе биде црнечката публика.

Се продава станот на Че Гевара

Веста е дека во Аргентина се продава станот во кој се родил Ернесто Че Гевара. Бонус информацијата што не ја знаевме е дека Че Гевара е роден и израснат во стан од 240 метри квадратни.

Шведскиот научник што не беше за носење маски, сега се пишмани

Стратегот зад шведската ковид-19 стратегија, државниот епидемиолог Андерс Тегнел, е подготвен да ја ревидира употребата на маски, откако претходно беше изричито против нив.

Оф мори мајко: Многу дрвја не било на арно

Еве ни уште еден шокантен пресврт и тоа во нешто што го мислевме за интуитивно разбирливо и сосема неконтроверзно поправање на штетата која човекот ја прави на планетата: да садиме што повеќе дрвја. Тоа може да донесе повеќе зијан отколку ќар, предупредуваат новите сознанија.