Чех возел 417 км/ч во Германија

Германија е позната по тоа што нема ограничување на брзината на нејзините автопатишта, но еден чешки милионер допрва ќе треба да види каде се границите на ваквата толерантност.

Обвинителството во соопшти дека започнало пред-истражни постапки за случај кој може да заврши и со затвор.

Се работи за извесен Радим Пасер, милионер од Чешка и неговото возење по автопат со брзина од 417 километри на час.

Во Германија нема ограничување на брзината но има законски член по кој е забрането „неодговорно движење со несоодветна брзина“. Доколку се подигне тужба против него и таа ја изгуби, Чехот може да заврши со парична казна и/или затворска казна до две години.

Го нема фатено радар. Сам се пофалил со клип објавен на Јутјуб, како вози 417 км/ч со неговиот Бугати Широн.

Еве го клипот кој доаѓа до 10 милиони прегледи на Јутјуб:

58 годишниот Пасер е познат тајкун во Чешка. Бизнисот му е градежништво, еден од најмаркантните проекти му е мултифункционалнииот комплекс ББ Центрум во Прага.

 

 

 

9 февруари 2022 - 10:07