Дебелината треба да се преспие

Подолго спиење води кон помал дневен внес на калории (има логика, освен за месечари) а дебелите би можеле да изгубат не баш безначајна маса само ако си дозволат по некој екстра час сон, без да ги менуваат дневните навики на исхрана.

Некои внесувале и по 500 калории помалку дневно во малата клиничка студија на тема како спиењето влијае на бројот на внесени калории на подолг период. 

Биле набљудувани и мерени 80 возрасни лица со висок БМИ. На оние што обично спиеле по околу 6,5 часа, со екстра 1,2 саати спиење, во просек дневно им биле доволни 280 калории помалку од обично. Ако се држи тој режим три години, би можеле да се изгубат 12 килограми, без да се смени вообичаениот начин на исхрана и без да се чувствува глад.

Истражувачите велат дека промените настануваат веќе после две недели подолго спиење.

Претходни студии веќе ја имаат потврдено обратната ситуација, дека помалку спиење од што е птребно, води кон повеќе јадење. Авторите на оваа велат дека интересно е сознанието дека наместо луѓето да бараат начини како помалку да јадат, треба да бараат начини како повеќе да спијат

 

10 февруари 2022 - 09:59