Кој стои зад нападот на Џо Роган?

Веќе пишавме дека на отстранувањето 70-тина епизоди на подкастот на Роган, претходеше објавување на едно педантно скоцкано видео од сите моменти кога во подкастот бил изречен зборот „нигер“ кој се доживува како расистички. Кој му го има склепано тоа видео? Некој обичен твитерџија кој не го поднесува Роган и неговата ќелаица? Работите не секогаш се така спонтани и наивни.

„Се работи за професионален политички напад. Три бранови на напади еден по друг не се коинциденција. Добар простор, добар тајминг, апсолутно професионално. Ама кој тоа? - ќе се запрашате. Е, тоа бара малку копање по работите,“ започнува една твитер нишка акаунтот @wokal_distance.

Видео компилацијата од Роган со проскрибираниот н- збор го објавија пред една недела @patriottakes. И тоа на двапати, јасно давајќи до знаење дека тие стојат зад видеото.

Како што може да се види во нивното БИО, @patriottakes се партнери со @MeidasTouch.

Кои се МеидасТач? Се работи за професионална политичка организација. Поконкретно за Демократски „Супер ПАК“ воден од тројца браќа: Брет, Бен и Џордан Мајсалес.

„Супер ПАК“ е „ПАК“ со финта: тоа се организации кои за разлика од стандардните партиски ПАК-ови, можат да собираат неограничен број финансиски средства од корпорации, унии, асоцијации и поединци и да ги трошат на политички субјекти како што сакаат.

МедиасТач имаат собрано 4,7 милиони долари во 2020 и 1,5 милиони долари во 2021 година.

Сите браќа во МедиасТач имаат работено во медиуми и имаат експертиза во познавање и манипулација на медиуми. Брет бил менаџер на социјалните акаунти на Елен Деџенерес и експертски уредник.

За сумирање: СуперПАК-от МедиасТач кој може да собере колку што пари сака од разни извори и да ги користи во политички цели, а истовремено е фирма за медиумски и други стратегии, водена од лица со длабоки врски во јавниот живот, најверојатно има некој удел од компилацијата со која @patriottakes го нападнаа Џо Роган.

Зошто?

Роган е еден од ретките луѓе кои разбудените уште не можат да го канселираат. Тоа со душа го сакаат затоа што им ја зема публиката а не игра по нивни правила. Да потсетиме, CNN Прајмтајм го гледаат 0,82 милиони луѓе а епизода на Роган е гледана од 11 милиони луѓе.

Ако @patriottakes и @MeidasTouch успеат да го скинат Роган, тоа ќе им биде сериозен капитал во прогресивните игри на моќ.

„Групата која ќе може да каже „ние го скинавме Роган, а ако сме можеле него, ќе можеме кого сакаме“ ќе има огромна моќ и долго ќе мавта со голем меч“, пишува @wokal_distance.

За оние кои веруваат дека критиките кон Роган биле спонтани и органски, се наведуваат примери од различни твитер акаунти, истоветни од збор до збор.

Приказната е занимлива и заради самиот Роган и неговата масивна медиумска гравитација но и заради тоа што неговиот подкаст станува платформа на која им се дава збор на луѓе како Џордан Питерсон и други кои корпоративните медиуми долго време не можат да ги смислат. 

************

Види и:

Левицата го мрази Питерсон затоа што игра на нивен терен

7 февруари 2022 - 14:14