Мелоун е ЦЕО на Либерти медиа, најголемиот акционер во Дискавери каде има 25% од гласовите, а Дискавери пак во текот на годината станува новиот сопственик на ВорнерМедиа кој во своето портфолио го има и Си-ен-ен.
Истиот овој Мелоун во 2017 донираше 250.000 долари за инаугурацијата на Трамп, а низ текот на годините има изјавено дека Си-ен-ен по негово мислење е станат премногу левичарски и премногу пристрасен.
„Би сакал да го видам Си-ен-ен како еволуира назад кон типот на новинарство со кој започна, и всушност да има новинари, што би било вистински уникатно и освежувачко,“ порачал Мелоун во интервју за Си-ен-би-си.
Иако во неколку наврати споменува дека е пријател довчерашниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, неодамна беше објавено дека токму Мелоун инсистирал Закер да си замине од телевизијата откако неговата афера беше објавена.
„Најголемиот акционер на Дискавери, Џон Мелоун, и критичар на Си-ен-ен, јасно порача дека корпоративните процедури во случајот со Закер ќе мора да бидат следени до последна буква.
Имајќи предвид дека стандардите на ВорнерМедиа за однесување на работно место бараат објавување на врска меѓу претпоставен и потчинет, времето на Закер беше одброено,“ пишува Дедлајн.
Во ноември кога беше објавено дека АТ&Т успеал да го продаде ВорнерМедиа на Дискавери, Мелоун јасно порача дека не фан на правецот во кој тера Си-ен-ен откако Зукер во 2013 дојде на првата позиција во телевизијата.
Иако Закер и неговата девојка, директорката на маркетинг на Си-ен-ен, Алисон Голуст, требаше да добијат високи позиции во новата компанија по спојувањето, процената е дека нивната врска не била вистинска причина за отпуштањето, туку дека тие останале без работа заради процената дека неговиот судир со Крис Куомо би можел да го загрози договорот меѓу АТ&Т и Дискавери. Довчерашниот главен водител Си-ен-ен бара телевизијата да му го исплати остатокот од прекинатиот договор во износ од 18 милиони долари.
АТ&Т „во катастрофален договор“ го купи ВорнерМедиа (претходно ТајмВорнер) во 2018 за 84 милијарди долари, а го продаде на Дискавери за 43 милијарди долари.