Комбинациите што ги прават се за 15 минутен разговор, а резултатите се следни:
- 50 сантиметри дистанца, без маска, шансите за заразување се речиси 100%.
- 50 сантиметри дистанца, со маска, шансите за заразување паѓаат на 14%.
- 1 метар дистанца, без маска, шансите за заразување се околу 60%.
- 1 метар дистанца, со маска, шансите за заразување се речиси 0%.
Бројките ги пресметуваат научниците од јапонскиот институт Рикен, со симулации на супер-компјутерот Фугаку. Освен 15-те минути, маска и дистанца, главен параметар на симулацијата се претходни случаи на ковид кластери и статистиката дека Омикрон е 50% позаразен од делта варијантата.
Симулацијата на седење еден до друг на некој настан, покажала дека стапката на заразување е 40% за луѓето што седат до заразен со омикрон кој носи маска. Ова се зголемува на 50% ако заразениот не носи маска.
Нивниот заклучок е дека ризикот од заразување останува низок за време на часови во училиште доколку учениците носат маски и држат дистанца. Една од мерките што ја предлагаат е чести но кратки паузи за просторијата да не се наполни со капки од луѓето што зборуваат.