Живот и забава

Европа забранува сина и зелена за тетовирање

Во име на хармонизирање на регулативите, во ЕУ од следната година ќе бидат забранети два масовно користени пигмента кои се дел од околу 70% од палетата која денеска ја користат тату артистите. Ако не побрзате, ќе си останете црно- бели.

Остајте ги антителата на раат

Како што се зголемува бројот на луѓето кои прележале ковид, така помасовна станува манијата да се проверува дали и колку антитела се имаат добиено по природен пат (пошто од бовчата  допрва ќе станеме бројни). Се заборава една многу битна работа: анти-телата служат за мемоари, не за прогнози. 

Најфасцинантната ковид приказна се вика Бутан

На седми јануари годинава, 34 годишен човек, со постоечки проблеми со бубрезите и црниот дроб, бил примен во болница во главниот град на Бутан, Тимпу. Починал од корона и тоа е прва жртва во земјата од оваа болест. Не прва жртва тој ден, таа недела или месец, туку првата жртва од почетокот на пандемијата. Можеби фактот дека отпорот им е во сржта на националниот идентитет, има некаква врска со тоа.

Врв на љубомора

Лошо: жена повеќекратно го прободува својот сопруг со нож. Полошо: затоа што на мобилниот му открила слики со помлада и послаба жена. Врв на љубомора: сликите се од нејзе кога била помлада и послаба жена.

Снегулки, пазете се од Црна Гуја

Легендарната британска комедија „Blackadder“ (кој тогаш го засакал Роуан Аткинсон, до ден денес не може да се изначуди што е смешно со Мистер Бин) доби предупредувачка порака дека содржи навредлив говор а во некои епизоди и дека е расистички спорна. На Болдрик требаше да му е јасно дека времето на остроумните како него допрва доаѓа.

Фејсбук се стави на браникот во битката за вакцините

После години гноење на најразлични заговори околу вакцините (и што сè не) Фејсбук одлучи дека ќе почне да ги брише сите лажни тврдења околу вакцините, а групите со повеќе прекршоци на темата ќе бидат згаснати.

Путиновата вакцина е најдобра во светот

Ваков наслов, чисто колку да се залетаат конкубините и вебинарски бројлери кои се ежат на секое спомнување на Русија и Путин. А потоа брзо да треснат на земја кога ќе видат дека извор не ни е Спутник туку Блумберг.

Папата внесе жена во Синодот

За првпат во постоењето на католичката црква, во синодот на бискупи ќе има и жена. Поглаварот Франциско оваа чест и ја додели на сестра Наталија Бекар од Франција.  

Астра Зенека е слаба за јужноафриканската варијанта

Нова студија покажува дека вакцината на Астра Зенека од која ние за еден месец очекуваме барем 100.000 дози, има ограничен ефект на јужноафриканскиот сој на коронавирусот. Развивачите на вакцината ветуваат дека ќе ја модификуваат за да биде ефикасна и за тоа: некаде на есен.

Како што тргнало „нормала“ чекајте за 7 години

Со сегашната стапка на вакцинација (значи кај нас сето ова е само бетер) враќањето на „нормален живот“ би требало да се случи некаде за околу 7 години.

Богаташите спречија Индија и Јужна Африка да произведат евтини ковид вакцини

Дозвола од Светската трговска организација ќе им овозможеше на земјите во развој да почнат да произведуваат генерички верзии на ковид-19 вакцини и лекови. Дозволата не беше дадена заради блокада од богатите членки на СТО, по основа дека таквото укинување на патентите би ја осакатило идната иновација.

Државен кокаин?

Војната против наркотиците веќе со години се смета за веројатно најголем неуспех на секоја американска (а и светска) влада, затоа што едноставно пари се трошат, луѓе се затвораат и гинат, а дроги (и уживатели) има сè повеќе и повеќе. Стратегијата што последнава деценија станува се попривлечна низ светот се сведува на - остави ги нека се дрогираат ако сакаат, само нека плаќаат данок.

Втората доза вакцина е грубо будење на имуно-системот

За многумина кои ги примиле таканаречените генетски вакцини на Фајзер и Модерна, првото боцкање поминало без никакви проблеми но затоа после ревакцинацијата, телото реагирало бурно и дошло до нус-појави кои знаат да го уплашат човеек. Познавачите тврдат дека тоа што ви е лошо е само знак дека сè ќе биде добро.

Шведска нема да ја препорача АстраЗенека вакцината за 65+ демографијата

Речиси идентично на германските власти од пред некој ден, шведските здравствени власти објавија дека нема да ја препорачаат АстраЗенека ковид-19 вакцината за лицата над 65 години.

Спутник V, 91,6%

Прелиминарните резултати од анализа на податоците од повеќе од 20.000 учесници се дека руската вакцина има ефикасност од 91,6% против симптоматичен коронавирус, се наведува во студијата објавена во Лансет.

Германија нема ништо против користење руска или кинеска вакцина

Ако Спутник и Синофарм вакцините бидат одобрени од ЕУ, Германија нема да има никакви проблеми со нивно користење, изјавил германскиот министер за здравство Јенс Спан, кој деновиве е крајно благонаклонет кон речиси секоја вакцина до која може да стигне.

Поради социјалните мрежи, никогаш веќе нема да видиме друг Лу Рид

Ветеранот на рок фотографијата чие презиме судбински го врза за таа сцена, Мик Рок, зборува  за раѓањето на некогашниот андерграунд и објаснува зошто мисли дека тоа нема повторно да се случи.

Селма замина преку прозорецот

Селма Бориќ, жената по која е напишана прочуената песна на Бијело дугме, почина во Загреб во 92 година од животот. Веста за нејзиното заминување ја објави Жељко Бебек.

Додека ние го откривме британскиот сој, по светот се шири јужноафриканскиот

Еден од специфичните соеви на ковид-19, оној кој за првпат беше откриен во Јужна Африка, станува еден од најбрзо растечките соеви на коронавирусот. САД пријавија два случаи и што е најлошо во приказната, ниеден од нив не патувал никаде. 

Ковид тестирање, не благодарам

Може да се случи наскоро со радост да се потсетуваме (и ние и докторите) на времето кога тестовите за ковид-19 се правеа со забивање на тоа стапчето во нос, откако кинеските медиуми објавија дека имаат нов многу попрецизен метод на тестирање во кој брисот се зема - анално.

Една маска ко ниедна?

На една страна од светот (САД) експерти предупредуваат дека не само што најразличните шамии и текстилни маски не се доволни, туку треба да се носат најмалку две „обични“ маски. На сосема друга (Австрија) обичните маски не се признаваат како доволни и задолжителни ќе бидат само со минимум ФФП2 заштита.

Шкотите и Англичаните пијат, не се заебаваат

На најновата топ листа од 25 земји, Шкотите и Англичаните го држат врвот во пијанство, дефинирано како проблеми со рамнотежа и плеткање на јазикот. Балканските земји, се разбира, се вон конкуренција. Во Британија алкохолот е најмасовно користената супстанца а хероинот е на дното. Или можеби оние што се на хорс баш и не ги лази мува да пополнуваат онлајн анкети. 

Да не очекуваме ние премногу од вакцините?

Бразилските испитувања на кинеската вакцина покажуваат дека нејзината ефикасност е 50,4%. А кај вакцинираните постари лица во Израел, шансите за заболување се помали за само 33%.

Бадвајзер ќе ги паузира рекламите за Супер боул

Ајнхајзер-Буш годинава нема да пушти ниту една реклама за Бад во рекламните блокови на најголемиот спортски настан во САД. Наместо тоа парите што инаку би ги потрошил на реклами, ќе ги даде за зголемување на свесноста за вакцинација од коронавирусот.