Шпоретите на плин исто така произведуваат јаглерод моноксид, ултра ситни честички и други загадувачи кои можат да предизвикаат сериозни здравствени ефекти кај децата, особено на белите дробови.
Повеќе од 700.000 случаи на детска астма во Европската унија лани биле поврзани со готвењето на плин дома. Оваа се 7 отсто од сите случаи на астма кај децата во унијата.
Шпорети на плин во ЕУ користат околу 100 милиони луѓе. Над половина од сите домови се на плин во Италија, Холандија, Романија и Унгарија.
„Малку луѓе се свесни за штетните ризици од уредите за готвење на плин; готвење на една вечера ве изложува на толку загадувачи како пасивното пушење“, велат од една невладина која се занимава со енергетска ефикасност.
Нивен предлог е плинските шпорети да се продаваат со предупредувачки етикети, исто како кутиите за цигари.
Некои претходни истражувања утврдуваа корелација меѓу домашниот плин и хиперактивното пореметување (ADHD) кај малите деца.