Авторката Мара Алтман, преку Њујорк Тајмс ни порачува дека „парејќи се со ниски луѓе, потенцијално ја спасуваме планетата така што ги намалуваме потребите на следните генерации“.
„Снижувањето на висината на човештвото е чекор напред кон позелена планета,“ нè охрабрува Мара.
Од којзнае кои причини, таа тврди дека ниските имаат вродено чувство за зачувување на природата, што е поважно од било кога во овој свет со осум милијарди жители.
Пресметала дека само Американците би биле 10% пониски, би се заштедиле 87 милиони тони храна годишно, билион галони вода, плус енергија плус многу помалку ѓубре.
Освен тоа што за да опстанат им требааат помалку ресурси, пониските се и попрактични за пакување во вселенски летала - во случај да мора да се селиме од планетава.
Таа забележува и дека да се биде корпулентен денес и не значи многу за опстанокот, затоа што ниту се бориме со голи раце ниту сме под закана од диви животни. Во доба на софистицирани оружја и напади со дронови, големината само нè прави лесна мета.
Доброто во теоријата на Мара е што дозволува парењето (иако условено) сепак да продолжи, што е полабаво од теоријата дека ни се неопходни доброволци за умирање.