Брус Ли умрел од многу вода?

Легендарниот глумец почина во 1972 година, на 32 годишна возраст, од церебрален едем. Во тоа време се заклучи дека причина за смртта се двe некомпатибилни лекарства против болки кои Ли ги земал пред смртта. Сега излегува нова теорија. 

Во новиот труд објавен во магазинот Clinical Kidney Journal, се сугерира дека едемот на Брус Ли бил предизвикан од хипонатриемија.

„Накратко, тврдиме дека неспособноста на бубрезите да го исфрлат вишокот вода го уби Брус Ли“, велат истражувачите.

Тиа укажуваат на неколку фактори, вклучувајќи го и неговиот режим на исхрана кој вклучувал многу сокови и протеински напитоци, како и користењето марихуана која ја засилува жедта.

„Ли имал повеќе ризични фактори кои го предиспонирале за хипо-натриум, како резултат на попречувањето на механизмот на хомеостаза кој го регулира внесот и излачувањето на водата. Претпоставуваме дека Брус Ли имал специфична дисфункција на бубрезите кои биле неспособни да исфрлат доволно вода.

Иронично е Брус Ли, кој се прослави со цитатот „Биди како водата, пријателе“ на крај да испадне дека го убил токму вишок вода.

 

28 декември 2022 - 16:12