Најдобро рангираните европски универзитети

Европа има 36 во глобалната листа од топ 100 врвни универзитети. Кина има седум. Оксфорд повторно е најдобар.  Рангирани биле речиси 1.800 универзитети ширум светот. Најзаслужено во свет, нас нè нема никаде.

Во 2023 година, 36 од глобалните Топ 100 универзитети се во Европа. Беа 28 кога Тајмс во 2011 почна да ги рангира светските универзитети, но, во 2016-та беа и 42 универзитети.

Освен трите британски универзитети, Оксфорд, Кембриџ и Империал колеџот во Лондон, само ЕТХ Цирих од Швајцарија се има рангирано во Топ 10 сите тие години.

Во последното рангирање кое се темели на 13 индикатори, земени се предвид 1.799 универзитети од 104 држави и региони.

Без изненадување, во топ 10 доминираат универзитети од САД и Обединетото Кралство. Само 13 различни универзитети успеаја да влезат во топ 10 од 2011 година. Четири од Европа, девет од САД.

Седма година по ред Оксфорд е најдобар во светот а од американските, во топ 10 се Харвард, Стенфорд, МИТ, Технолошкиот институт во Калифорнија, Принстон, Беркли Калифорнија, Јејл, Универзитетот во Чикаго и оној во Пенсилванија.

Свои во Топ 100 имаат 12 европски земји. Кина во топ 100 има седум универзитети.

Љубљана е во рангот 801-1000 а рангиран е и црногорскиот универзитет. Нашите можете (залудно) да ги барате овде.

2 јануари 2023 - 09:46