Планот на Рене Реџепи е ресторанот целосно да го затвори за гости до крајот на 2024, и потоа да го пренамени во „лабораторија за храна“ која ќе работи на развивање нови јадења и производи за Noma Projects.
„Неговиот работен опис во иднина ќе биде поблизок до оној на ’креативен директор’ одошто на ’кувар’,“ наведува Тајмс.
И пред сегашната криза со плати и нивната висина, Реџепи укажуваше дека за одржување на врвниот стандард, потребно е максимално залагање кај сите негови, речиси 100, вработени, кои пак тој не е во можност праведно да ги плати затоа што би требало да ги подигне цените до степен кој пазарот не би можел да го издржи.
„Ќе мораме целосно да ја реобмислиме индустријата. Вака е претешко, ќе мораме да работиме на друг начин“, вели тој.
Нома речиси две децении редовно е еден од најдобрите ресторани во светот, па за добар дел од туристите тој се претвори во главна причина за посета на главниот град на Данска, дури и по цена од 500 долари за оброк.