Деца и на возраст од 11 години своето сексуално образование го добиваат по сопствена програма и тоа од порнографија, предупредуваат експертите за сексуално здравје. Тие објаснуваат дека како резултат на ова се повеќе млади сметаат „дека сексот треба да биде насилен“.
Уште на почетокот на годинава, првиот човек на токиската медицинска асоцијација предложи ивермектинот да добие зелено светло. Надлежните институции го послушаа дури есенва. Резултатите ги гледате на фотографијата.
Во смртоносното стампедо кое се случи на концертот на Тревис Скот во Хјустон загинаа 10 луѓе, а стотици други беа помалку или повеќе сериозно повредени. Тужбата од 750 милиони долари е само една од десетиците тужби поднесени против раперот и организаторот.
Бабите емоционално се повеќе поврзани со своите внуци и внуки, отколку со сопствените деца, покажува студија која го истражува функционирањето на нивниот мозок.
Жената ја викаат Есперанца по градот од кој доаѓа, Есперанца во Аргентина. Се работи за апсолутно редок случај, само втор во целата историја на нејзината болест: се излечила од ХИВ вирусот благодарејќи исклучиво на нејзиниот имунолошки систем. Да, есперанца значи надеж.
Владата на Австралија ја чека цех од најмалку 32,5 милиони евра за оштета побарана од илјадници нејзини граѓани по основа здравствени проблеми поврзани со ковид-19 вакцинацијата.
Ги викаат нано-станови и се помали од паркинг место за автомобил, но за многу луѓе се единствен начин да дојдат до свој кров на глава за што таму се чека и до шест години. Погледај свој (нано)дом, Ангеле.
Прво ќе биде коректно да се знае дека „засилувач“ најверојатно е погрешен термин, и тоа дека точниот број дози за максимален ефект се уште не е познат.
Супермаркет ко супермаркет, има сè од шишиња, батерии, четки за заби, лименки, кутии цигари... единствено што се разликува е потеклото на сите овие производи - отпадот што луѓе го фрлаат покрај локалното езеро.
Повеќе од 40 години откако го скандализираа христијанскиот свет со „Житието на Брајан“, Монти Пајтон сè уште ги цимаат лицемерите. Само што овојпат во игра не се задрти верници. Тоа сега е прогресивната, разбудена и освестена толпа.
Откако беше откриен само еден случај на ковид-19 меѓу посетителите на Дизниленд во Шангај, целиот парк е затворен, забранет е влез на нови посетители, а сите над 34.000 присутни гости во паркот инстантно се тестирани и ставени во изолација.
Клиничка студија покажала дека постоечки и широко користен лек сериозно ги намалува ризиците од хоспитализации и смртни епилози на ковид случаи. Се работи за лек против депресија.
Најбројната држава на светот реши дека е доста со тој чалам да се дигаат предимензионирани кули во мали градови. Со тоа што кај нив, во мали градови спаѓаат оние со помалку од три милиони жители.
Вилата се наоѓа во центарот на Рим и е единствена куќа на светот чиј таван е насликан од италијанскиот сликар Караваџо. Цената од 471 милион евра е само почетна.
Дечкото кој го бои стрипот на Супермен најави дека заминува од ДЦ Комикс бидејќи му е преку глава од „разбуденото“ шминкање на суперхеројот. „Сè се тоа куп идиотизми,“ вели Гејб Елтеб.
Освен во итен случај никој од 4 милиони жители на кинескиот град Ланџоу во идниот период нема да смее да го напушти својот дом. На страна тамошните 6, во Кина има пријавено уште 23 нови случаи. Во цела Кина.
Околу стендапот и обвинувањата за каква не фобичност, Шапел одговори „кажав што кажав“. Плус го интересира, како тоа „вие барате безбедна работна средина во Нетфликс, кога јас сум единствениот што не смее да припари таму?“
Како што претерувањето околу ризикот од вакцините наштетува на кредибилитетот на кампањата за вакцинирање, исто така е штетна и претераната самоувереност околу нивната ефикасност.
Прво беа најмалку илјада што од Нетфликс ќе протестираа против шоуто на Дејв Шапел, барајќи да биде симнато од видеотеката на платформата заради навреда на транс-сексуалците. Потоа таа илјадарка спадна на стотина, па на дузина, за на крај целиот настан да се сведе на „има нас Чворовиќа“ како што на својот брат Илија му викаше Ѓуро Чворовиќ во Балкански Шпион.