Живот и забава

На Американците им се скратија две години од животот

За една година, очекуваниот животен век на Американците падна за речиси две цели години. Се работи за најголемиот пад во оваа статистичка категорија во последниве 75 години. Притоа, ковид не е најголемиот поединечен убиец.

Франција ја откажа нарачката од Мерк, затоа што не им го бива лекот против ковид

Капсулата на Мерк имала слаби резултати на тестовите па Франција се откажува од набавка на терапијата, и сега се крстат во решението на Фајзер, чии први резултати треба да бидат готови кон крајот на јануари.

Омикрон, млако

Со намалена хоспитализација од 30 до 70 проценти, бранот на омикрон излезе дека е далеку помлак од претходните варијанти и од тоа што се стравуваше.

Еден човек закачи корона, па Кина стави под клуч 200.000 негови соседи

Како одговор на еден случај на ковид-19 кинеските власти комплетно затвораат и блокираат град од 200.000 луѓе, забранувајќи каков било влез на производи и луѓе.

Американската армија извади вакцина против секаков ковид

Вакцината треба да е ефикасна против сите сегашни и идни видови на ковид-19 (нормално и омикрон), како и против претходните верзии на САРС вирусот.

Закерберг да си ги провери проверувачите

Уредници на угледниот Британски медицински журнал му напишаа отворено писмо на Марк Закерберг во кое на конкретен пример му укажуваат колку неговиот систем за проверка на факти е фаличен и даден во раце на некомпетентни луѓе. Се работи за обелоденети пропусти во тестирањата на вакцината на Фајзер.

Шејн од Поугс: Не сум убав како порано

Добивам подбрадок како на мисирка и лицето не ми е убаво како некогаш, вели во интервју за Гардијан никогаш убавиот Шејн МекГауен, кој, сепак, би сакал да биде глумен од  - Леонардо Ди Каприо. Лошо спие, не му е гајле како ќе биде запамтен ама нејќе кога од публика ќе му добацат дека е дебел.

3 дози вакцина не се доволни за спречување на омикрон варијантата

Предупредувањето доаѓа од човекот што ја создаде водечката глобална вакцина на Фајзер/Бионтек, Угур Сахин, според кого постојните вакцини нема да бидат доволни за спречување на ширењето на пандемијата.

Хајнц извади кошмарен мајонез

Во досега најуверливиот знак дека сè е отидено во неповрат, Хајнц направи мајонез со вкус нешто сличен на Ресана.

Пред да ги вакцинирате децата

Ако веќе не сте медиумски имунизирани од заразување со мислења кои се разликуваат од вашето, читнете/чујте што за оваа тема има да каже доктор Роберт Малоун, човекот кој ја има измислено мРНК технологијата на која се темелат повеќето актуелни ковид вакцини. Ако треба дополнително да се декларира неговото „вјерују“, вакциниран е.

Омикрон мава по дишните патишта

Се чини дека најновата варијантна на коронавирусот од која стрепи светот повеќе удира на дишните патишта отколку на белите дробови и можеби затоа не предизвикува жестоки форми на болеста. Но, ако оригиналниот вирус и нашите клетки се ракуваа, со овој се држат како вљубен пар. 

А на Марс уште повеќе вода

Марс има своја џиновска верзија на Големиот кањон и сега научниците откриваат дека таму се наоѓаат „значителни количини вода“.

Омикрон бранот е од „млада, здрава и вакцинирана“ популација.

Податоците од Данска покажуваат дека над 70% од случаите на омикрон се меѓу лицата на возраст под 40 години.

Берлин лабавее

Најмногу што на времето можеше да се ќари од јавниот превоз во Скопје беа филтерчиња од картите за автобус. Сега Берлин оди еден чекор понапред и пушти во оптек карти за метро од коноп што се јадат.

Прележан ковид е речиси како панцир од пандемијата

Пациентите што биле заразени од ковид и имале антитела по неговото прележување имаат драматично ниски шанси од повторно заразување од вирусот, заклучува студија објавена во Лансет.

Ран третман на ковид, што беше тоа?

Не беше ништо бидејќи и не постои, тоест ниедна земја нема организиран систем и официјален протокол за ран третман на оваа болештина, иако тоа како пристап се препорачува за сите други болести на светот. Ставете си алуминиумска фолија на глава, имаме неколку видео парчиња на таа тема.

Политиката да се вмеша во спортот, под итно

Во преседан кој би требало да стане пракса барем еднаш во мандатот на кој било политичар, двајца локални политичари од Бразил префрлањата од Фејсбук ги решија во ММА ринг.

Ризикот на одење на работа од кревет до биро

Последните генерации од народот што стандардно го опишуваат како „машинерија“ и од кој светот со децении трепереше да не случајно му текне пак да облече чизми, изгледа како да не се произведени по исти стандарди како претходните.

Омикрон нема да ја избегне вакцината

Разговор со Педи Дикс, кој до април годинава ја водеше британската вакцинална операција, која, и по оценката на тамошните критички настроени медиуми, беше ретка работа која Британија ја направи саглам во пандемијата: испорачаа 120 милиони дози вакцини, вклучително 23 милиони бустер дози. Омикрон не го плаши.  

Нема не можам, Кина од комунистите бара 3 деца по семејство

Членовите на Кинеската комунистичка партија имаат лична обврска да помогнат во борбата против опаѓачката стапка на новороденчиња со тоа што ќе имаат по 3 деца.

Кошмарната недела на Си-ен-ен

Последнава недела кој што прави, околу Си-ен-ен само кружат лоши вести за нивни новинари или вработени. Последната е дека продуцент на Си-ен-ен е уапсен за педофилија.

Замислете Џулијан Асанж да откриеше кинески а не американски криминали

Да беше тој кинески новинар и издавач, гарант ќе станеше Нобеловец и икона на борбата за човекови и медиумски права. Ама не е, па му се закануваат 175 години американска робија. Екстрадицијата на Асанж во САД ќе биде многу црн ден за новинарството, само уште малку повеќе новинари да го сфаќаа тоа.

Колку вакциниран си доволно вакциниран за дружење?

Ако пролетва се знаело што точно значи кога некој ќе ти каже дека е целосно вакциниран, зимава веќе ништо не е јасно, пишува Џо Пинскер во Атлантик во текст во кој го воведува терминот - небустирани.

Саудиска Арабија како столб на природната убавина... кај камили

Судиските власти зададоа одлучен удар на една од најголемите измами во земјата и наредија дисквалификување на 40 камили од еден тамошен избор за најубава камила, затоа што биле „унапредени“ со ботокс, фејслифт и филери.