На Канарските острови во април се одржуваа протести со разбирлива порака: „Туристу, почитувај ја мојата земја.“ Не се луѓето ксенофобични и не им пречат оние кои сакат да ги запознаат природните убавини, локалната храна и обичаи, ама преку глава им се оние дојденци на кои престојот им се сведува на локање евтино пиво по плажи и бодење пикавци во песок.
Не само таму, најозлогласени се Британците кои а) имаат пари и б) не знаат да пијат.
Башка, една третина од луѓето на Канарските острови живеат на работ на сиромаштија а од туристичките приходи не гледаат никакви подобрувања на нивните животи.
Не е едноставно да се дојде до „поквалитетни туристи.“ Нов Зеланд пред неколку години проба со елитистичка понуда но проектот не беше многу успешен. Им дојдоа снобови од кои локалната економија не виоце некој бенефит.
Против туристи и нивниот неподнослив број се имаат бунтувано Барселона, Венеција, Атина, Малага....
Пробуваат сешто: Барселона од Гугл Мапс ги тргна автобуските рути, за постарите да можат да најдат слободно седиште. Венеција воведе дневна туристичка такса за посета на градот. Но, петте евра што ги бара Венеција не се ништо во споредба со дневната такса која ја воведе Бутан - 100 евра на ден. Такса воведе и Бали.
Надлежните туристички асоцијации предвидуваат дека 2024 ќе биде биде рекордна по бројот на туристи и приходите од нив.
**********
Види и: