Козите беа туристичка атракција на живописниот остров на кој слободно живееја вешто движејќи се по стрмните карпести предели на заспаниот вулкан.
Долго време односот на силите бил изедначен. Околу 100 луѓе и околу 100 кози. Меѓутоа, последниве години бројот на вториве нагло пораснал па сега ги има околу 600. А се работи за мал остров со површина од околу пет квадратни километри.
Во потрага по храна, почнале сè почесто да се симнуваат меѓу луѓето и нивните имоти правејќи прилично големи штети, правејќи русвај по бавчите и рушејќи камени ѕидови а знаат и дома да им влезат на луѓето или да се прошетаат низ кафанче.
Градоначалникот се надева дека ситуацијата може да се припитоми. Бидејќи не сакаат да ги убиваат, тој покренал иницијатива „посвој коза.“ Секој може да поднесе барање, не мора да биде сточар и нема ограничувања за бројот. Веќе се пријавиле некои кои произведуваат квалитетна рикота.
Козите првпат биле донесени на островот пред 20 години од некој што имал намера да ги чува животните но планот пропаднал и тие биле оставени сами на себе.