Скорешно истражување покажа дека 78% од американските потрошувачи денес сметаат дека брзата храна е „луксузно“ хранење поради постојаното поскапување на оброците, наспроти нивната слаба финансиска ситуација. Тоа е особено точно кај Американците кои заработуваат помалку од 30.000 долари годишно (71%), родителите со мали деца (58%) и генерацијата З (58%).
Во просек, 3 од 4 Американци обично јадат брза храна еднаш неделно, но 62% од испитаниците рекле дека во последно време ја јадат поретко.
63% од анкетираните се согласиле дека брзата храна треба да биде поевтина од јадење дома, но 75 отсто велат дека тоа не е така. Речиси половина од Американците (46%) велат дека оброкот во ресторан за брза храна чини приближно исто како оброк во нивните локални стандардни ресторани, а 22% рекле дека брзата храна е и поскапа.
Цените на брзата храна последниве години пораснаа повеќе од просечното поскапување на потрошувачката кошничка. Од 2017 таа сега е поскапа за 41% додека кошничката е поскапена 35,9 отсто. Некои артикли како што се чизбургерите од Мекдоналдс и пилешкото во ЧИк-фил се зголемиле за дури 200%, за помалку од пет години.
За повеќето Американци, алтернатива на купување џанк фуд е готвењето дома. Тоа се обидуваат да го адресираат големите синџири на храна па Венди најавува појадок за три долари, а МекДоналдс смислил оброк за пет долари, но со ограничено времетраење.