Малиот крајбрежен град Агде (26.000 луѓе) на југот на Франција е познат по прекрасни песочни плажи, сончево време во текот на целата година и луди оргии: тоа е дом на најголемата свингерска заедница во Европа во кој десетици илјади парови доаѓаат да разменат партнери.
Сега градот е во сосема поинаков скандал, поврзан со градоначалникот Жил д'Етор и една локална гатачка.
Софија Мартинез е локално позната по тоа што може да разговара со мртви па го убедила градоначалникот дека се конектирала со неговиот покоен татко. Во текот на сеансите нејзиниот глас одеднаш би се сменил и би го презел тонот на покојниот татко.
Се верува дека Мартинез цели четири години манипулирала со д'Етор и имале стотици мистериозни разговори со мртви, вклучувајќи ангели.
Некои од нив барале од градоначалникот да ѝ помогне на гатачката. Јасно ви е.
Градоначалникот плаќал раскошни одмори за Мартинез и целото нејзино семејство во Полинезија и Тајланд, се разбира, со градски пари. Некогаш гласовите барале да вработи неколку членови од фамилијата Мартинез и да ѝ ја реновира куќата. Тој го правел тоа, користејќи услуги од приватни градежници кои бесплатно ја одработувале работата, за да добијат или продолжат договори со градот.
„Таа има влезено во неговиот живот, ја детектирала неговата ментално слаба точка и ја искористила за лична корист. Долго требало да сфати дека е измамен“, вели адвокатот на градоначалникот.
Двајцата се во притвор: таа за измама, тој за корупција и злоупотреба на службената должност.
Не само затоа што таков е градот, многумина локалци се убедени дека имало тука и секс.