Депресијата е најчестиот проблем со ментално здравје во светот и знае да влијае на способноста на човекот да функционира и дома и на работа. Научниците во студијата решаваат да ја истражат поврзаноста меѓу викенд доспивањето и симптомите на депресија откако првично утврдуваат дека недостатокот на сон станува се повообичаен во модерното општество, и луѓе спијат повеќе часови за викенд за да надоместат дел од дефицитот.
Тие анализираат бројки од над 7.700 испитаници кои одговараат на прашалник за сопственото здравје и за проблеми со спиење. Од тука вадат бројки за тоа кој кога си легнува преку недела и колкумина од нив и колку се доспиваат за време на викенди.
46% од учесниците во анкетата спиеле подолго за време на викенди, а севкупно оваа група имала пониски нивоа на депресивни симптоми од останатите.
Плусот што бил доволен за да имаш корист од доспивањето бил еден до два часа по викенд, меѓутоа истото не важело и за оние кои надополниле по три часа или повеќе.
Дополнителна анализа покажала дека поврзаноста меѓу дополнително спиење и депресија главно постои кај луѓе кои во работни денови спијат 6 часа или помалку. Поврзаноста е посилна кај мажи и кај возрасни лица под 65 години.