Претходно постоеше една анализа за смртта на Бетовен кој почина на 56 годишна ворзаст но подоцна се утврди дека таа се потпира на погрешен примерок коса кој всушност ѝ припаѓал на некоја жена.
Овојпат истражувачите дошле до два автентични прамени коса на музичкиот гениј. Тестирањето покажало високи нивоа на арсен и жива, но на олово - особено.
Едниот прамен имал 380 микрограми олово на грам коса, а другиот 258 микрограми - неверојатна количина, ако се земе предвид нормалното ниво за коса кое изнесува помалку од 4 микрограми.
„Ова се највисоките вредности што некогаш сум ги видел“, вели д-р Пол Џането, директор на лабораторија во клиниката Мајо.
Од каде толку олово? Од омилениот пијалок на Бетовен, евтиното вино (бело, ризлинг), од кое пиел по минимум едно шише дневно, но често и многу повеќе.
Иронично, Бетовен верувал дека виното е добро за неговото здравје. Но, во тоа време во евтиното вино бил додаван „оловен шеќер“ (олово ацетат) за да се заслади вкусот пред да се ферментира во котлиња залемени со олово.
Оловото тогаш го имало и во многу масти и лекови од тој период. Бетовен во еден момент земал 75 лекови обидувајќи се да се справи со абдоминалната болка, дијареата и прогресивното губење на слухот, сите симптоми на труење со олово.