Орлите кои имаат миграциски рути низ Украина комплетно ги смениле стандардните патеки на летот за да ги избегнат областите погодени од конфликтот.
ГПС податоци им откриле на истражувачите птиците направиле големи заобиколувања после почетокот на инвазијата, и целосно ги замениле местата за одмор и полнење батерии. Тоа значи дека има требало подолго време да стигнат до нивните места за размножување и повеќе енергија.
„Тоа е како да трчате маратон, без паузи за вода, и на крајот, некој ве замолува да истрчате дополнителни 10-=15 километри“, вели Чарли Расел од Универзитетот во Источна Англија, коавтор на студијата.
Истражувачите предупредија дека ситуацијата може да го одложи размножувањето, бидејќи на орлите може да им треба подолго време да се опорават што ќе влијае на шансите за преживување на сите млади, бидејќи храната/пленот може да го има помалку кога јајцата ќе се изведат.
ПОсле војната, новите принудни траектории на орлите им се подолги од 85 do 250 километри. Пред војната, 90% од орлите правеле паузи во Украина, откако загрмело, само 32% го правеле тоа. Новото патешествие, во просек им е подолго за 55 часа. Само еден орел се осмелил директно да лета над зоните на конфликтот. Прекар му бил Боровец.
Инаку, женките орли патуваат од места за презимување во Грција, додека мажјаците доаѓаат од места во источна Африка.