Иако веста доаѓа од наjдoбрите производители на лажни вести во светот, овојпат не е фејк: The Onion се сели во Чикаго а притоа може да изгуби добар дел од својата лутина.
За чудо, постоат бројни студии кои ги испитувале факторите од кои зависи темпото на пешачење во различни населени места. Заклучоците се речиси еднозначни - сè е во економијата.
Од Вуди Ален до Жижек, сè на сè 290 уметници, мислители, писатели, режисери и останат кулурен крем, во прво лице еднина, било со звук, било со видео. Мезете.
Во САД драстично расте бројот на љубовни двојки кои немаат намера да се венчаат ама имаат потреба меѓусебните оодноси, обрски и имот да ги решат со адвокатски завeрени документи. Ваквата љубов се вика: договор за кохабитација.
Излезе и годинашниот извештај на PEW центарот за медиумите. 1. Фејсбук и Твитер не се толку влијателни, 2. Медиумите секаде губат пари, освен на интернет, 3. Интернетот продолжува да доминира во раст на публиката.
Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.
Дури 19 сојузни американски држави им дозволуваат на наставниците да им делат "воспитни" на учениците. Правото на педагошко плескање се користи во случаи на 'тешки облици' на непримерно поведение: фрлање хартија или зборување на час.
Во Италија промените во начинот на живеење довеле до растење на рацете и нозете кај мажот. Но, во последниве 60 години неговиот пенис се смалил за околу 1 сантиметар.
Ајкулите не се осамени ловци туку имаат способност да градат 'пријателства'. До вакво откритие е дојдено благодарејќи на тоа што биле посматрани со методологија користена за анализа на социјалните мрежи.
Звучи тотално погрешно ама има есап, а тоа некогаш е врвен критериум во модерното здравство. Канадска студија покажала дека на тешките зависници од хероин е подобро (читај: поевтино) наместо метадон да им се дава диацетилморфин. Да преведеме на нашки: диацетилморфинот Е хероин.
Дански научник нуди прекрасна теорија за смирување на совеста за нашата килажа. Ни брза храна ни чмаење пред ТВ/ компјутер - стануваме дебели од воздухот што го дишеме.
Трагичен настан во Кина од кој може да извлечат поука сите малолетни и - уште поважно - сите 'малоумни' лица кај нас. Враќање во минатото не е изводливо и може да заврши кобно.
Изгледа шашаво ама функционира. Изум кој го употребува вашето дишење за да го наполни вашиот мобилен телефон. Единствената мана е што прави да личите на комплетен идиот.