Некој за стомачни?

Иако на прва звучи како веќе виден вовед во порно филм, ама всушност сосема сериозна студија тврди дека жените доживуваат оргазам кога се на фитнес.

Работата не е толку раширена како што ќе си помислат мажите, туку повеќе се движи во рамките околу 15%.

На прашањето дали имале оргазам предизвикан од вежбите, 124 испитанички одговориле да, додека 246 доживеале некакво сексуално задоволство од некоја вежба. Испитаничките требало да одговорат и на која вежба тоа им се случило, дали им се повторува и дали можат да го контролираат.

Иако нема некоја конкретна вежба што се истакнува, 51% од испитаничките тврдат дека вежбале стомак кога почувствувале. По нив, следувало дигање тегови, јога, велосипед, трчање и одење.

Истражувачите од Центарот за Промоција на Сексуално здравје на Универзитетот Индијана, побарале од жените да наведат и детали за своите искуство, бидејќи речиси и да нема научна литература на оваа тема.

Меѓу сведоштвата, една жена напишала дека возејќи велосипед по угорница, почувствувала дека ќе доживее оргазам па морала некако тоа да го сокрие од партнерот со кој возела. Друга жена објаснила дека буквално паднала од некоја справа за време на оргазам, а трета само се сеќава како сосема изгубила свест.

Авторката на истражувањето Деби Хербеник објаснува дека овој вид на оргазам е речиси два пати послаб од оној што би го доживеале за време секс.

22 март 2012 - 16:59