Ваквите договори се идентични со тнр предбрачни договори во кои идните сопружници и нивните адвокати детално ги прецизираат сите можни аспекти на заедничкиот живот и консеквенците од евентуалниот развод.
"Бројот на двојки кои правно ги уредуваат своите односи без намера да стапат во брак драматично расте. Венчавката им станува се помалку важна но истовремено се свесни дека со текот на годините, нивните ризици за имотот стануваат сè поголеми", објаснува претседателот на организацијата на адвокати специјализирани за брачни односи.
Дури 40 проценти од ваквите адвокати во својата пракса воочиле раст на ваквите барања.
Ова веројатно е последица на фактот дека американските судови сè почесто се места на кои се средуваат недоразбирањата меѓу двојки кои престанале да живеат заедно.
Тема на судските спорови најчесто се оставените долгови (на кредити и кредитни картички) а нивниот обем се проценува на 2,5 милијарди долари.