The Onion се соочува со еден од најголемите предизвици во своето 24 годишно постоење. Медиумот го напушта Њујорк и планира да се вдоми во Чикаго.
Упатени извори велат дека овој план ќе ја растури редакцијата. Само 5 од 16-те луѓе од уредништвото се согласиле да се селат. Одбиле да одат во Чикаго некои од најдобите и најдрагоцени луѓе на овој медиум, меѓу кои и главниот уредник Џо Рандазо.
Оперативниот директор нагласува друг процент: од вкупно 27-те ангажирани лица, 16 се согласиле да заминат а се уште траат убедувања со останатите.
"Губењето на било кој од редакцијата е голем удар бидејќи секој во TheOnion има свој уникатен придонес. Но, имаме луѓе да продолжиме да правиме одлични работи", вели еден од главните пишувачи.
The Onion се појави во 1988-ма година како студентски весник на Универзитетот во Висконсин но бргу се одвои како посебен бизнис. Во Њујорк се од 2001-ва година.