Дома и раат

Без разлика вие што мислите за 30-годишниците кои живеат со своите родители, ама ним им е добро.

Откако во септември минатата година заклучија дека бројот на Американци на возраст од 25 до 34 години што живеат со своите родители пораснал од 4,7 на 5,9 милиони, сега истражувањата покажаа дека тие се речиси подеднакво задоволни од овој аранжман како и нивните врсници кои живеат сами.

68% од оние кои живеат со своите родители изјавиле дека се задоволни со овој начин на живот, споредено со 73% од оние кои живеат сами. А отприлика ист процент кај двете групи (83% со родители и 84% сами што живеат) веруваат дека со тек на време ќе го добијат животот што го заслужуваат.

Објаснувајќи ја својата состојба, младите нагласуваат дека економската криза ја има променето перцепцијата за тоа како треба младите да се однесуваат.

"Мојата генерација беше под ултиматум дека по дипломирањето мораме да бидеме вработени - мисли на студентските кредити и американскиот сон - бидејќи финансиската независност е врвниот претскажувач на успехот," пишува во својата колумна за Лос Анџелес Тајмс, Сара Барбор, блогерка која само што се вратила кај родителите.

 

21 март 2012 - 16:04