
Просечното американско семејство годишно троши до 2.000 долари на храна што на крај ќе ја фрли. Главен злосторник меѓу нив е зеленчукот кој сочинува 25% од отпадот.
Во 2010-та американците фрлиле вкупно 33 милиони тони храна, со што таа ја сочинува е третата најголема категорија на ѓубре, по хартијата и картонот.
"Без добро разработен список за купување најголем дел од купувачите нормално е да создадат вишок на храна кој потоа го фрлаат. Луѓето имаат тенденција кога се во продавница да ги преценат своите потреби," објаснува професорот по маркетинг на Универзитетот Корнел, Брајан Вансинк.