Формулата во предвид зема варијабли како релативната слава на двајцата, нивната возраст, колку време се запознавале, брачното минато и нивниот статус на секс симбол.
Математиката е дело на репортерот за наука на Њујорк Тајмс, Џон Тиерни и статистичарот Гарт Сандем, кои пред пет години ја креираа формулата.
До сега нивната формула ги има предвидено разводите на Деми и Ештон, Памела и Кид Рок, Бритни и К-фед, но и тоа дека Бен Афлек и Џенифер Гарднер ќе останат заедно.
Сепак, нивната математика не излезе во случајот со Том Круз и Кејти Холмс, на кои им предвидуваа развод.
По пет години Тиерни и Сандем, направија ревизија на својата формула и сега имаат поедноставна равенка за предвидување на брачниот успех.
Новата верзија открива дека не е квалитетот, ниту квантитетот на слава, кој е пресуден. Туку количината на "таблоидна слава" во споредба со бројот на споменувања во Њујорк тајмс. Тие заклучиле дека славата на сопругата е таа која е одлучувачки фактор во равенката.