24-годишната Нет Гарви, веќе 2 години работи како официјална тестерка за нови производи на продавница за возрасни, Passion. Годишната плата за играње со десетици најразлични сексуални помагала е - 25 илјади фунти.
"Не сум зависник од секс. Ги претставувам нормалните девојки кои, како мене, исто така треба да ги купат овие играчки. Моја работа е да ги најдам оние што се добри за сами девојки и парови. Ги оценувам играчките и давам неделни извештаи за нив," објаснува Гарви.
До сега, таа има тестирано над 1.000 "играчки," плус најразлични униформи и долна облека.
Годишно во Британија се продаваат над 4 милиони "играчки", бројка која за 10 години аналитичарите очекуваат дека ќе порасне на околу 400 милиони.