Уште од моментот кога ги купи правата за Војна на ѕвездите Дизни се стави во потрага по режисер. Еден од првите режисери кој уште тогаш изјави дека дефинитивно нема да го режира филмот беше Џеј Џеј Абрамс. Како што знаете, Џеј Џеј Абрамс ќе биде режисер на новото продолжение на Војна на Ѕвездите.
Начинот на кој што луѓето ја губат својата невиност го формира целиот нивен понатамошен сексуален живот. Во основа гледајте прв пат да не биде лошо. И ова исто важи и за мажи и за жени.
Victoria's Secret успева годишно да им продаде еден тон долна облека на жените, и тоа го прави исклучиво со помош на манекенки на кои жените некако не се љубоморни.
Компанија што поседува ладилница на 10 спратови, пропаѓа и ја затвора ладилницата. Сепак ладењето продолжува уште некое време да работи без никој да го чисти мразот. Неколку години подоцна други ја купуваат зградата за да прават канцеларии во неа.
Американците веќе се престрашија од сезонскиот грип но сега имаат друга беља. Се вика норовирус. Не е толку смртоносен но затоа е спектакуларно одвратен.
Научници успеале да ги енкодираат собраните дела на Вилијам Шекспир и да ги складираат во ДНК. И во човечкиот хард диск останало уште многу место за порно клипови.
Кога модните агенции велат дека користат "неконвенционални модели" тоа обично е шифра за модели кои се "убави ама се уште не се популарни." Сега една агенција се фати да работи со грди модели.
Индексот на телесна тежина (БМИ) сега има и математичка основа по која не го бидува, според која високите луѓе цело ова време погрешно биле прогласувани за дебели.
Фаза 1: Боливијската и перуанската сиромаштија се прехранува со една евтина локална житарица. Фаза два: Житарицата станува фенси храна во западните вегански кругови. Фаза три: цената на житарицата оди во небо и јадниците од Андите веќе не можат да си ја дозволат. Решение? Нека јадат колачи од тофу.
Директорот на американското национално биро за алергии и заразни болести предупреди дека ова може да биде најлоша сезона на грип во изминатава деценија.
Затоа што просторот потребен за комотно живеење во Њујорк чини повеќе пари отколку што има кој било реален човек, некои луѓе најдоа начин како да сместат цел стан во една гарсоњера.
И кај нас ова може да го каже музичар. Ако има договорена тезга за спротивната кампања. Том Јорк му порача на британскиот премиер ни под разно да не помислува да ја користи неговата музика за политички цели за да не му стегне тужба која ќе го "истрасе од гаќи".
И облакодерите имаат свој рок на таење. А нивното класично уривање е многукратно зезнато, особено во густо изградени средини. Јапонците најдобро го знаат овој проблем бидејќи имаат 797 згради повисоки од 100 метри. А кога Јапонецот има проблем, тој го решава.
Најзатворената држава на светот, која го контролира секој можен сегмент на животот на своите граѓани, во исто време и рај за пушачите на марихуана. Додека владата има смртно сериозен став кон тешките дроги, марихуаната во Северна Кореја воопшто не се смета за дрога.
Кандидат за докторат на тема транспорт и урбана инфраструктура, добива казна за паркирање. Неколку месеци подоцна смислува нов систем кој комплетно ќе ја уништи потребата од казни за паркирање.
Со комплетно неверување, лондонски Гардијан вака го почнува текстот: "Додека во најголемиот дел од светот, Новата година значи свеж почеток, време за новогодишни одлуки, зачленување на фитнес и ветување за поголема продуктивност, во Русија таа означува две недели пиење без престан."
За оние кои им е здосадено да бројат калории или применуваат други стандардни методи на задржување на линијата, екипа гастроентеролози смислиле ефикасен гаџет кој ќе им помогне да се решат од вишокот изедено. Одвратно ефикасен.
Беа потребни повеќе од две децении но успеаа: во Мексико сити, мегалополисот кој порано важеше за најзагадениот урбан простор на светот, денеска се дише нормално.
Добро е кога е кратко вниманието на јавноста за вест, кога се работи за некоја свадба на Кардашиан. Ама, навистина штета што за некои озбилно битни приказни, вистината се дознава месеци откако на сите ќе им биде преку глава од тоа. На пример:
Речиси 500 поротници, мешан состав, мажи, жени, слаби, дебели... Им даваат слики на четворица осомничени, исто мешан состав. Кој од четворицата на поротниците најмногу им личи на виновеи? Дебелата.
За нас неубаво е што Трето полувреме не влезе во последните 9 од кои се избираат кандидатите за номинации за Оскар. За Американците имаше некои други изненадувања на прогласувањето на номинациите.